Риба со „човечко лице“ забележана во Кина

Прилично необична риба била забележана во едно езеро во Кина, која поради необичната шара и облик на главата изгледа како да има човечки лик.

 

Еден посетител во селото во околината на градот Кунминг на југот на Кина, каде била забележана рибата, го снимил шаранот со човечко лице. Видео снимката е споделена и на кинеската социјална мрежа Weibo.

 

На снимката, која предизвикала многу коментари, се гледа како рибата плива до работ на езерото и со главата излегува до површината на водата.

 

 

Уште еден шаран, чија глава потсетува на човечко лице бил пријавен во 2010-та година. Тогаш Британецот Бренан О’Саливен тврдел дека купил нормален шаран, кој потоа почнал да развива црти на лицето како кај човек, пишува Mirror.

 

“Беше многу чудно. Лесно можев да ги видам очите, носот и устата. Прво мислев дека добив сончаница и дека ми се причинува”, рекол Бренан, чиј чуден шаран тогаш, во парична вредност, бил проценет на 40.000 фунти.

 

Не е познато дали, и по која цена ја продал рибата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.