ВИДЕО – Герберих: Со Франција имаме усогласен став за Западен Балкан дека треба да овозможиме наскоро започнување на пристапни преговори за овие земји

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост амбасадите на Франција и Германија одржаа комеморација со полагање на цвеќиња на германските гробишта во Прилеп. Амбасадорот на Сојузна Република Германија, господин Томас Герберих истакна дека примерот на помирување на Германија и Франција треба особено да го следат земјите од Западен Балкан кои сакаат да станат дел од европското семејство и да бидат дел од европските вредности, но дека за да се постигне тоа е потребна политика која не се изолира, не бега во национализам и која не гради нови ѕидови.

 

 

„Мораме да развиеме способност за помирување. Мора да создадеме свет во кој цврстата волја е обединета, ужасоте од војните да се испратат во арселналот на историјата. Германија и Франција најдоа еден таков пат на помирување. Основата за тоа беше и е Европа на заеднички вредности и убедувања, насочена кон неотуѓивите човекови и граѓански права. Европа која од континент на војни и опустошувања се преорази во континент на мир и благосостојба. Одговорот што го најде Европа денес е поитен од кога било. И вреди да има заложба за тоа“, истакна Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија.

 

Амбасадорот Герберих одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали реално постои пријатество помеѓу Германија и Франција бидејќи и во Унијата се појавуваат голем бро јразлики по многу прашања, а едно од нив е започнувањето на преговори на Македонија со ЕУ, тој истакна дека Германија и Франција соработуваат многу тесно во рамките на ЕУ и се усогласуваат со политиката за Западен Балкан. Тоа го потврди и Станислав Мрозе, заменик амбасадор на Франција во Македонија.

 

„Како што можевте да видите постои тесно, блиско пријателство помешу овие 2 држави. Ние тоа го покажавме тука. По крајот на Првата и Втората светска војна сфативме дека не сакаме никогаш повторно тоа да се повтори. Германија и Франција се соседни земји тие соработуваат заедно, се среќаваат заедно и оваа соработка постои со години. Врз основа на ова двете земји соработуваат многу тесно во рамките на ЕУ и се усогласуваме на политиката за Западен Балкан. Помеѓу пријателите можно е да има и различни мислења но целта е заедничка заедно да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан и во однос на таа заедничка цел не постојат разлики помеѓу Германија и Франција“, додаде амбасадорот Герберих.

 

„Јас сакам само да го поткрепам она што го кажа Томас, ние навистина во реланоста така и правиме и не соработуваме само заедно кога станува збор за посета на гробишта“, кажа Станислав Мрозе, заменик амбасадор на Франција во Македонија.

 

Според германскиот амбасадор договорот од Преспа значи започнувањето на едно вакво помирување кое според него не треба да се стави на коцка.

 

„Ние се обидувавме да бидеме модел на помирување помеѓу Грција и С. Македонија и овој пример за германско-француското помирување може да важи во целиот свет. Мислам дека треба да постои подготвеност за постигнување на компромиси, сопствените интереси да се остават на страна и тоа е она кое што ние се обидуваме секоја година одново да го покажеме. Со Преспанскиот договор сите страни го покажаа тоа и Грција го покажа тоа, таа е свесна за својата одговорност за овој регион и ја презема одговорноста за тоа и мислам дека започнувањето на едно вакво помирување не треба да се стави на коцка“, истакна Герберих.

 

Инаку по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваше на комеморацијата на француските воени гробишта во Скопје.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи