Холандија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на  Македонија во НАТО, објави министерот за надворешни работи Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил.

 

Остануваат уште две земји кои треба да го ратифукуваат протоколот, а тоа се Шпанија и Франција. Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние рече дека државата ќе го ратификува протоколот до крајот на годината.

 

По нив, и нашата земја ќе треба да го ратификува протоколот, со што ќе се заокружи процесот и земјава ќе стане 30. членка на алијансата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.