Жена тешко повредена во сообраќајка кај Лагово

С.Д.(54) е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на клучка Лагово.

 

Несреќата се случила во момент кога Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот.

 

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 
 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи