Предавање за лажните вести и медумската писменост на средношколците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Денеска во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп се одржа едукативно предавање за медиумска писменост и препознавање на лажни вести, во организација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР. Предавач беше Дарко Штаргоски од порталот Инфо Компас. Оваа активност е дел од Проектот Медиумска писменост и граѓански активизам, поддржан од Македонскиот институт за медиуми.

 

Лажните вести, како феномен на денешното модерно општество, се рак рана и еден од најгорливите проблеми не само на нашата држава туку и на другите земји во светот и токму затоа борбата со нив секодневно добива нови и нови димензии. Медиумот преку кој во најголема мера ги примаме овие лажни информации е интернетот и социјалните мрежи.

 

„Со промовирање на медиумската писменост и справување со лажни вести ние се обидуваме да им помогнеме на младите да направат битен чекор во развивањето на медиумска писменост. Така младите го воочуваат нивното создавање на реалноста преку медиумите – како создавачи и примачи на медиумски пораки. Дезинформациите и лажните вести се едни од главните предизвици за општеството во кое живееме и алатка за манипулација со граѓаните, особено со младите. Злоупотребата на технологијата за креирање лажни ентитети и непостоечки измислени случувања се сериозен упад и се почесто се случуваат. Ние како ЛАГ Агро Лидер и понатаму ќе продолжиме да работиме на развивање на медиумската писменост и справување со лажните вести особено меѓу младите, кои што се двигатели на промени во нашето општество“, истакна Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

 

 

 

На предавањето беше истакнато дека за жал денеска информацијата стана измислена потреба за граѓаните. Нас реално воопшто не ни се потребни толку многу информации, колку што секојдневно стигнуваат до нас.

 

„Кулминацијата на продукција на лажни вести се достигна во последните години кога информацијата станува „насушна потреба“ за човекот. Денес секојдневно сме буквално „бомбардирани“ од толку многу информации, што станавме зависни од нив, зависни од информацијата. Во светот владее тотално лудило и хаос од „бомбардирање“ со крајно непотребни информации, голем дел од нив лажни, а кои ние полека започнавме да го восприемаме како нормално. Само примаме информации, без да размислиме дали тие воопшто се вистина или лага, дали се добри или лоши. Како во целата оваа каша на информации да го изгубивме критериумот за оценунање на информациите. Се нема критички став, критичко размислување за да се испитаат информациите. Засега најефикасен начин да се оградиме од сите тие лажни информации се покажала медиумската писменост или нашето медиумско описменување. Нешто што треба задолжително да го знаеме во ова денешно време. Што е лажна вест, како да се препознае истата, зошто служат лажните вести, кој ги произведува, со која намера и слично. Тоа медиумско описменување мора да започне уште од училишните клупи“, истакна Дарко Штаргоски, новинар и предавач на настанот.

 

 

 

Инаку ЛАГ Агро Лидер од 01 ноември 2018 година започна иницијатива за Промовирање на медиумската писменост и граѓански активизам во руралните средини со поддршка на Македонскиот Институт за медиуми во партнерство со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

Во рамките на проектот „Медиумска писменост и граѓански активизам во руралните средини“ на 27.05 се одржа првиот настан на тема „Медиумска писменост и справување со лажни вести“.  Настанот се одржа во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево. Ова денес е втор настан на истата тема.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи