„Со звуците на обоатa“ – концерт на Гордана Јoсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасовска Ивановска

„Со звуците на обоатa“ е насловен концертот што ќе се одржи на 2 декември 2109, понеделник од 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“. На обоа ќе настапи Гордана Јoсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасовска Ивановска.

 

На програмата се дела од познати  композитори.

 

ГОРДАНА ЈОСИФОВА-НЕДЕЛКОВСКА (ОБОИСТ)

 

Енио Мориконе беше воодушевен од настапот на обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, која е селектор на музичката програма на фестивалот: Ме смири нејзиното свирење. Толку е внимателна, елоквентна и прецизна во изразот што веднаш ме воодушеви кога ја слушнав. Неочекував дека ќе чујам таков настап – рече Мориконе и посака да настапи со неа специјално на отворањето.“ (Дневник, 13.07.2009)

 

Проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски, а се усовршува на академијата „Моцарт“ во Варшава, Полска и BANFF центарот за музика и звук во Канада, како нивен стипендист. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

 

Јосифова Неделковска како солист настапува со многу значајни оркестри како Симфонискиот оркестар на националната капела на Санкт-Петербург, камерниот оркестар „Музикавива“ под водство на истакнатиот диригент и виолончелист Александар Рудин, Сервантес Филхармонија од Шпанија, oркестарот Кими,Синфониета од Финска, оркестарот на ВилахФилхармонија од Австрија, оркестарот на Моравската Филхармонија од Чешка, оркестарот Талин, Синфониета од Естонија, Симфонискиот оркестар на Рим, Симфонискиот оркестар на Белград, Гудачкиот камерен оркестар на Словенската филхармонија, камерниот оркестар „Софиски Солисти“, Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар, камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Оркестар на Авињон-Прованса, Камерен оркестар на Порто Алегре – Бразил, Обединет европски камерен оркестар, итн. Со бројни рецитали има настапувано во Канада, САД, Кина, Бразил, Естонија, Холандија, Франција, Белгија, Шпанија, Португалија, Полска, Италија, Германија, Чешка, Русија, Украина (настапсоизвонредниотвиолинистНајџелКенеди), Финска, Турција, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, ЦрнаГора и Македонија, настапувајќивосаликакопрестижните: „Верди“ воМилано, Аудиториумот  „S. Margherita“ воВенеција, „Botteghino Auditorium conciliazione“ во Рим, „СметанаХол“ во Прага, итн.

 

Репертоарот на Јосифова-Неделковска опфаќа дела одраниот барок, па се до современото творештво, вклучувајќи и бројни праизведби на дела од современите композитори и голем број на дела од македонски автори. Од големо значење е поканата од страна на легендарниот Енио Мориконе, Гордана Јосифова Неделковска да настапи заедно со него на свеченото отворање на фестивалот „ОхридскоЛето“ во 2009 година.

 

По успешното претставување во 2010 на московскиот „АртНовембер“ фестивал, каде критиката ја претстави како „поетеса на обоа“, Јосифова-Неделковска активно настапува во Русија и тоа на фестивали како Бах Маратонот во 2011 година и Моцарт Маратонотво 2014 година, делејќи ја сцената на најпознатата руска сала, Бољшој Зал, со едни од најистакнатите светски музички имиња: Петер Лаул, АлександарГиндин, Алексеј Володин, Илја Гринголц, КристоферТејлор и други.

 

Она што ја прави комплет на нејзината личност се несомнено и нејзините организаторски способности. Во изминатиод период заземала повеќе значајни функции: претседател на Музичката младина на Македонија, шеф на Катедрата за дувачки инструменти на Факултетот за музичка уметност, а во два мандата е и продекан на истиот факултет и член на Сенатот на УКИМ. Од 2005 година е назначена за претседател на Комисијата за култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а исто така со предлог на УКИМ, а по избор од страна на собранието на Република Македонија, е избрана за член на Советот на Македонската радио-телевизија во два мандата. Во 2008 година (од страна на тогашниот ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ѓорѓи Мартиновски) и е доделена плакета во знак на признание, за придонес во афирмација на универзитетот во земјата и странство. Како член е ангажирана и во неколку други одбори, меѓу кои одборoт за доделување на наградата „Св. Климент Охридски“, а од 2014 година член е на одборот за  доделување на наградата „Мајка Тереза“. Во периодот 2001-2003 била претседател на Управниот одбор  и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, а од 2007 – 2016 година е селектор на музичката програма на овој најреномиран фестивал во државата.

 

Нејзиното дејствување е од особено значење за културата во Република Македонија. Таа се има закитено и со многу награди и признанија, меѓу кои е и наградата „13 Ноември“, која ја доби во 2009 година од Град Скопје за високи достигнувања на меѓународната музичкасцена. Во 2014 година се закити и со наградата „Виртуози“ во категоријата меѓународна афирмација. Гордана Јосифова Неделковска, за нејзините достигнувања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоцијата на македонската уметност надвор од земјата и поддршката на промоцијата на француската култура во Македонија, е одликувана со престижниот орден на РепубликаФранција – „Витез од Редот на уметности и книжевност“, кој се вбројува во четирите најважни одликувања во Франција.

 

Успешноста на нејзиното делување е потврдена со едно светско признание – имено, во 2004 година од Уредничкиот одбор на Американскиот биографски институт Гордана Јосифова-Неделковска е номинирана во категоријата  „Успешни жени на 21 век“. Во публикацијата која содржи биографии и трудови на жените кои се влијателни и креативни во општествениот живот во своите земји, токму таа е избрана меѓу жените во светот,  бидејќи со своето делување како уметник и педагог оставила длабоки траги во својата средина. Во текстот на Американскиот биографски институт се наведува дека ГорданаЈосифова-Неделковска е една од успешните жени на 21 век, која со својата севкупна активност може да послужи како пример и патоказ за младитегенерации.

 

Гордана Јосифова-Неделковска е редовен професор по предметите обоа, камерна музика и методикс на наставата на дувачките инструменти на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Од учебната 2009/2010 годинатаа е избрана за декан на овој факултет, а во учебната 2013/2014 година е реизбрана за декан за уште еден мандатен период. Од 15.09.2016 е назначена за Проректор за меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје.

 

Доцент м-р Елена Атанасовска Ивановска

 

Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена CUM LAUDE на Факултетот за музичк­а уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.

 

Во текот на музичкото образование се здобива со награди на државни и меѓународни натпревари. Повеќе први награди на републичко ниво, I награда на меѓународниот натпревар „Златен Лист“ во категорија на дуо состав во Сан Бартоломео, Италија (1996), II награда на истиот натпревар во категорија соло пијано (1996), II награда на натпреварот „Музиката и земјата“ во категорија на камерни состави, Софија, Р. Бугарија (1996), III награда на Шопеновиот натпревар во Нови Сад, Србија (1997).

 

Учествувала на пијано семинари кај еминентни професори: проф. Љ. Рошчина, проф. С. Доренски, проф. А. Бондурјански,проф. А. Валдма, проф. Ј. Михајловиќ, проф. М. Молова, проф. Н. Макарова, но најплодна и најуспешна е соработката со рускиот проф. Борис Романов, во чија класа ги продолжува студиите по пијано.

 

Учествувала на летната музичка школа „Нови имиња“ во Суздаљ, Русија, каде што имаше забележителен настап на концертот на најуспешни семинаристи.

 

Во 2003 година добива награда за најдобар студент од фондацијата „Франк Манинг“.

 

Повеќепати имала соло настапи  со Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија.

 

Бројни се концертите во рамките на домашните реномирани фестивали „Охридско лето“, „Скопско Лето“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест Битола“, „Денови на Македонска музика“, „Битолско лето“, „Гевгелиска есен“, но и фестивали надвор од земјава: „Сараевска Зима“ – Босна и Херцеговина, „Festival de Musica do palacio da Bolsa“ – Португалија, „Festival de Musica de Sant Pere de Rodes“ – Шпанија,  „Guarnerius, Centar lepih umetnosti Jovana Kolundzije“- Р.Србија, „Carniarmonie“, „Нимус“- Р. Србија, „ДАМ фестивал“- Приштина, Косово и др.

 

Со рецитали, полурецитали и како пијано соработник настапувала низ цела Македонија и надвор од неа: Русија, Америка, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Грција, Република Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово.

 

Активно соработува со неколку уметници од Македонија, меѓу кои вредно е да се споменат проф. м-р Гордана Јосифова- Неделковска, обоа, пијано дуото со проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, баритон и Ристо Ѓоревски- кларинет.

 

Во 2015 година имаше успешен настап во Москва, каде настапи како гостин на концертот на дувачкиот квинтет од „Балшој Театар“, Москва, а по покана од музичкото училиште „М. Балакирјев“, беше член на жири на 11-от Фестивал  за Славјанска музика, во категорија пијано.

 

Соработувала со Македонската Филхармонија како нејзин надворешен пијанист, како и со оркестарот за филмска музика F.A.M.E.S.

 

Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи