ВИДЕО – Архитектонските бариери и понатаму најголем проблем за социјална инклузија на инвалидизираните лица

Најголемиот дел од сите јавнии објекти, згради и училишта во Македонија не се архитектонски пристапни за инвалидизираните лица што претставува основна пречка за нивна целосна социјална инклузија, Скоро и да нема станбено деловен објект со пристапна рампа. Овие лица бараат итни измени при носење на новиот закон за градба.

 

 

Објектите каде се изведува настава од основно, средно и високо образование се непристапни за лицата со телесен инвалидитет. Тоа автоматски значи дека тие не можат да се едуцираат, да се стекнат со знаење и вештини и да станат конкурентни на пазарот на трудот. Инспекциските служби треба да не даваат дозволи на објектуте каде не се запазени мерките за пристапност“, истакна Бранимир Јованоски, претседател на Мобилност Македонија.

 

„Главните институции како Фонд за здравство не се пристапни. Тие се стари градби. Ние направивме некои напори да излегуваат вработените кога некое инвалидизирано лице ќе има некоја потреба, но и тоа не е решение. Затоа сега се бориме сите нови градби кои се градат да бидат пристапни“, истакна Стеван Ангелески претседател на Мобилност Прилеп.

 

Исто така се жалат и на тоа дека ортопедските помагала кои ги добиваат од држават се несоодветни.

 

Пример една количка еден корисник треба да ја користи 5 години, а таа веќе по 6 месеци не функционира и како понатаму тоа лице. Не му следува нова количла, нема сервис за таа количка“, кажа Горан Спасов, лице со телесен инвалидитет.

 

Токму за овие проблеми Мобилност Македонија денеска во Прилеп одржа работилница по повод Денот на лицата со телесен инвалидитет.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи