ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Спортот во Прилеп тоне, останаа само лажните ветувања и празните зборови на Јованоски

Човекот кој најмногу ветуваше за спортот во Прилеп, а сега градоначалник, Илија Јованоски, и човекот кој најмногу го критикуваше спортот во Прилеп во минатото, сега претседател на Совет, Миле Талевски, се тандемот кој што владее во Прилеп во изминатите две години. Од нивното управување со една од најголемите општини во Република Македонија, останаа само нереализирани ветувања, истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Денес сме тука пред поранешната Соколана, спортската сала „Партизан“, за која Јованоски во својата програма ветуваше целосно реновирање со цел унапредување на спортот во Прилеп. Сепак, како и сите други ветувања, Јованоски и СДСМ лажеа и за овој спортски објект.

 

Сите се сеќаваме кога градоначалникот во предизборието се фотографираше и држеше реферати токму тука, а околу него наредени беа спортисти и спортски работници кои требаше да бидат тимот за ветениот препород на спортот во Прилеп.

 

Очигледно дека развојот на спортот бил само изговор, а единствено важни биле вработувањата, високите хонорари, донации и други приходи кои како бенефиции ги уживаат од власта.

 

Токму пред овој објект Јованоски бесрамно лажеше дека ќе го врати епитетот најспортски град за Прилеп.

 

Ветуваше, односно лажеше дека ќе го обнови планинарскиот дом „Дервен“, дека ќе изграделе спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, ќе изграделе спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“ и ја кажа најголемата лага за изградба на затворен базен со здравствено-спортско рекреативен центар во салата “Македонија”.

 

Toкму од тука, Јованоски излага и дека ќе воведеле поголем буџет од општината за спортот, како и стимулации за фирмите кои инвестираат во спортските клубови.

 

Вети, односно излага, дека ќе ја вратат во употреба Универзалната сала, дека ќе ги покриваат трошоците на клубовите за употреба на спортските објекти, стипендии за успешни спортисти …. и еден куп други празни зборови од кои денеска има само едно големо ништо!

 

За жал, денес спортот во Прилеп тоне, а спортските великани ФК Победа и РК Прилеп се второлигаши.

 

Почитувани сограѓани, овие луѓе се прочитани. Сега одново ќе ви ветуваат и ќе ве убедуваат, но освен лаги нема што да понудат. Времето на лажни политичари, манипулатори и луѓе кои се дојдени само за кариера е завршено. Доаѓа обнова на Македонија и ставање крај на овој башибозук од власт на СДСМ“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи