За првпат прикажан рускиот нуклеарен куфер

Руската телевизија Ѕвезда за прв пат покажа како одвнатре изгледа нуклеарен куфер, преку којшто се активира нуклеарното оружје во Русија.

 

„Внимавајте на ова копче за „старт“ – тоа е во бела боја (а не црвена, како што вообичаено се мисли). Овој куфер се наоѓал кај офицерот кој секогаш бил во близина на врховниот командант“, раскажува водителот на програмата, Алексеј Јегоров.

 

 

Една од компонентите на куферот е и флеш-картичка.

 

„Таа е индивидуална. Тоа е еден од клучевите кои се вметнуваат. Други подробности околу овој куфер, сепак, нема да разгледуваме“, додава Јегоров.

 

Тој забележа и дека куферот е стар 50 години, но јавноста дури сега гледа што има однатре.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.