Меркел за прв пат го посети Аушвиц

Facebook
Twitter
Email
Print

Германската канцеларка Ангела Меркел и полскиот премиер Матеуш Моравjецки положија цвеќе на Ѕидот на смртта во поранешниот нацистички логор на смртта Аушвиц-Биркенау и им оддадоа почит на жртвите од концентрацискиот логор.

 

Аушвиц беше најголемиот логор на смртта што го покрена Хитлерова Германија за време на Втората светска војна во окупирана Полска, во чии гасни комори беа убиени над 1 милион луѓе, претежно Евреи, но и Синти и Роми, Полјаци, советски воени затвореници и припадници на други европски нации.

 

Германската канцеларка вети донација од 60 милиони евра во фондот за реставрација и заштита на физичките остатоци на кампот, како бараки, кули за надгледување и лични предмети на оние кои умреле таму. Ова се надоврзува на претходната донација на државата од 60 милиони евра, дадена кога фондот беше основан пред една деценија.

 

Ангела Меркел доаѓа во Аушвиц за првпат во текот на нејзиниот мандат и по Хелмут Шмит и Хелмут Кол е третиот германски канцелар што го посети логорот, кој стана симбол на монструозноста на холокаустот.

 

Прв кој го посети поранешниот концентрационен логор, беше Хелмут Шмит во 1977-та година и единствен досега кој одржал  говор.

 

„Сигурен сум дека германски канцелар овде не смее да молчи“ рече тогаш Шмит.

 

По Шмит, Аушвиц го посети и Хелмут Кол во периодот на падот на берлинскиот ѕид во 1989-тата година.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи