За прв пат во историјата на Прилеп „БК АС – Прилеп“ е второ место на боксерската младинска лига

Под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески за прв пат во историјата на Прилеп БК АС – Прилеп е второ место на боксерската младинска лига на Македонија за 2018 и 2019 година. Од наредна година клубот ќе настапи и со боксери од понежниот пол.

 

Со напорни тренинзи и досегашна обука мислам дека веќе се спремни и девојките од нашиот клуб за настап во наредните кола и државните првенства а се надевам и за влез во репрезентација . На последното државно првенство што се одржа во Охрид освоени се три медали : 1.Дамјан Талимче 2 место ( Талимче на мерењето со 100 грама помалку од категорија службено ја загуби финалната борба во финалето што требаше да се одржи на златен гонг во Скопје ). 2.Матеј Чатлески 2 место 3.Далибор Карафилоски 3 место“, истакна Дарко Чатлески.

 

 

Инаку во организација на БК АРЕС од Задар и во соработка со БК АРЕНА од Пула од 10.12 до 15.12.2019 год. ќе се одржи боксерски камп во бокс за боксери од 15 до 17 години во градот Задар Р. Хрватска.Од Боксерската Федерација на Македонија беше овозможено да учествуваат по два боксери од пет клубови од Македонија на овој припремен камп. Боксерите ќе бидат предводени од тренерите Самет Салиевски и Мухамед Алија кои имаат големи резултати во историјата на боксот во Македонија.

 

Овој припремен камп е од големо значење за боксерите од нашата земја и сме горди за напредокот на Б.Ф.М во областа на боксот. Од БК АС Прилеп ќе учествуваат двајца боксери и тоа : Дамјан Талимче и Димитар Ангелески“, додаде Чатлески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.