Две прилепчанки прегазени од камион

Две жени со тешки повреди биле пренесени во болница откако во нив удрил камион.

 

Несреќата се случила вчера во 18:30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Според информациите на МВР, камион „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(47) од село Лажани, општина Долнени, удрил во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

 

И двете се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи