Битола за здравјето на граѓаните ќе мисли подоцна!

Општина Битола како да ги заборави најгорливите проблеми со кои се соочува – загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина, па одлучи да биде пасивен набљудувач на загадувањето на животната средина, особено загадувањето на воздухот кое јасместува Битола на црната листа на најзагадени градови во светот.

 

Иако споредМинистерството за животна средина во Битола многу често е измерено многу високо загадување со ПМ10 честичките во индустрискиот дел на Битола и исто така многу високо загадување и со ПМ2,5 и ПМ 10 честичките во центарот на градот и иако се идентификувани загадувачите и решенијата, реализацијата на планираните акции и стратегии е засенета и одложена. Разочарувачки делува податокот дека од вкупниот буџет на општината само 1.3 проценти односно околу 24 милиони денари се предвидени за мерки за заштита на животната средина, што е помалку за околу 5 милиони денари споредено со буџетот за 2018 година, што проследено со податокот колкав дел од овие средства се потрошени за реализција на предвидените мерки и активности укажува дека здравјето на граѓаните во Битола е во заден план.

 

Неспорен е фактот дека освен индустријата, и самите граѓани имаат удел во ваквата ситуација и дека неопходност е воспоставување на механизам за решавање на идентификуваните проблеми сега и веднаш.

 

Здравјето на граѓаните не може да биди оставено за подоцна, туку треба сега и веднаш да се започне со преземање на крупни чекори.

 

Неопходно е и воспоставување на соработка на општина Битола со граѓанскиот сектор за заедничко креирање на мерки и активности во насока на разрешување на одредени проблеми од областа на животната средина кои ќе бидат целосно насочени кон остварување на реални и мерливи резултати, и континуирано ќе ја следат и ќе ја прикажат реалната слика со загадувањето без суфикси и придавки.

 

Граѓанскиот сектор е спремен активно да делува, не во насока да критикува туку да придонесува и реализира.

 

Општина Битола- твоја обврска и надлежност е да започнеш со акција.

 

Автор: Мрежа на ЛАГ-ови

 

Оваа вест е поддржана преку проектот „ Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести “, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во веста се единствена одговорност на авторот и на ЛАГ Агро Лидер, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи