Обвинет во „Диво Насеље“ ѝ испратил прислушувани материјали на Фетаи поврзани со Смилковско езеро

Facebook
Twitter
Email
Print

Шефхет Халачи, обвинет во случајот „Диво Насеље“ од затворската ќелија комуницирал со Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвиниелство, при што ѝ испратил прислушувани материјали во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, односно случајот „Монструм“.

 

Халачи и се јавил на Фетаи и и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал и на Ел Чека, а таа му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство, а направила и официјална службена белешка за тоа.

 

Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги воделе бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај.

 

Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството.

 

Таа на денешното рочиште за „Монструм“ истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Халачи, се предадени на Судот.

 

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи