ВИДЕО – Во Прилеп за прв пат се одржува детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“

Во Прилеп денеска за прв пат се одржува детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“ на кој ќе настапуваат 12 дечиња од Прилеп, Крушево и Радовиш. Организатор на фестивалот, Драган Јанкоски, истакна дека се надеваат фестивалот да прерасне во традиција .

 

 

„Главната идеја поради која што сакавме да воспоставиме една нова музичка традиција во нашиор регион е тоа што сакавме на младите да им дадеме нова можност да запеат на детски фестивали. Самите подготовки за фестивалот траеа околу половина година. Имаме голема заинтересираност, поголемиот дел од учесниците се од Прилеп, но имаме и од Крушево и Радовиш. Текстот и музиката се на Гоце Илииески – Балада, а аранжманот од Рубин Димкоски. Во неговото студио се и снимени овие песни“, истакна Јанкоски,

 

Иидејата за фестивалот се родила уште пред 4-5 години, а автор и на текстот и на музиката на сите 12 песни е Гоце Илиески – Балада.

 

„Поради големиот интерес и за в година имаме пријавено голем број на учесници. Исто така сакам да апелирам до сите оние заинтересирани родители кои што сакаат нивните деца да пејат на фестивал и да се усовршуваат можат своето дете да го пријавуват на 075-911-675. Јас сум текстописец на сите 12 песни и автор на музиката, додека аранжманот е на Рубин Димкоски. Драган Јанкоски кој е главен организатор на фестивалот 4-5 години барал квалитетен автор кој може се јави како севкупен автор на сите детски композиции, а името веселии звончииња го даде мојата ќеркичка која исто така полека започнува да се занимава со музика“, рече Гоце Илиески – Балада, уметнички директор на фестивалот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи