Управниот одбор на ФК „Победа“ го разреши тренерот Тони Мегленски

Управниот одбор на ФК „Победа“ АД – Прилеп денеска одржа состанок со една точка на дневен ред – „Разгледување на резултатите на ФК „Победа“ АД – Прилеп во есенската дел од натпреварувачката 2019/20 година“.

 

„По разгледувањето на се она што беше постигнато во есенскиот дел од натпреварувачката 2019/20 година, очигледно беше незадоволството од постигнатите резултати и едногласно беше одлучено од сите членови на УО на ФК „Победа“ АД – Прилеп тренерот Мегленски Тони да биде разрешен од функцијата. За назначување односно пополнување на функцијата нов шеф на стручниот штаб по активностите на УО и изнаоѓањето на решение, јавноста ке биде благовремено известена повторно преку официјално известување од страна на УО на ФК „Победа“ АД – Прилеп“, информираат од Управниот одбор на ФК „Победа“ АД – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.