Пијано рецитал на Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески во фоајето на „Марко Цепенков“

На 20 декември 2019, петок во 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи пијано рецитал на Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески,  ученици во Класата на проф. Христина Никоска Тасеска од ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ Прилеп. Гостин на вечерта ќе биде Исидора Ангелеска, пијано.

 

ПРОГРАМА:

 

Анастасија Петреска

 

Johann Sebastian Bach:  Трогласна инвенција бр. 15, b-moll;

Ludwig van Beethoven: Соната оп.14 бр. 2, G-dur-Iстав;

Томислав Зографски: Суита за пијано оп.27;

Jean Sibelius: Етида оп.76 бр.2.

 

Гостин: Исидора Ангелеска

класа: проф. Татијана Божиновска

Frédéric Chopin: Ноктурно оп.48 бр.1, c-moll.

 

Арсениј Ангелески

 

Johann Sebastian Bach: Прелудиум и фуга бр.6, d-moll;

Властимир Николовски: Токата за пијано;

Ludwig van Beethoven:Соната оп.10 бр. 2, F-dur, Iстав;

Frédéric Chopin: Скерцо оп.20 бр.1, b-moll.

 

 

Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска

 Пётр Ильич Чайковский/Сергей Рахманинов:

Валс од „Заспаната убавица“

 

Биографија за пијанистите

Анастасија Петреска е родена на 30.07.2006 година во Прилеп, Р. Македонија. Ученик е во основното општинско музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцкa” во Прилеп , осма година во класата на професор Христина Никоска Тасеска. Има земено учество на голем број државни и меѓународни натпревари по пијано и камерна музика и ги има освоено следните награди:

2015 година

-Прва награда за пијано  на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје.

2016 година

-Специјалана Прва награда за  камерна музика дуо, пеење и пијано,  на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје.

-Прва награда за камерна музика на СЕДМИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА КАМЕРНА МУЗИКА ВО КАВАДАРЦИ.

-Прва награда за пијано на XX ТАКМИЧЕЊЕ МАЛИХ ПИЈАНИСТА , Врање, Р. Србија.

-Втора награда за пијано  на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ,

Скопје.

2017 година

-Прва награда за пијано  на XXI ТАКМИЧЕЊЕ МАЛИХ ПИЈАНИСТА, Врање, Р. Србија.

-Прва награда за пијано на ДЕСЕТИ МЕЏУНАРОДНИ МИЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ – Аранџеловац 2017, Р. Србија.

-Прва награда за пијано на СЕДМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ , Гевгелија, 2017.

-Втора награда за клавир на ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ДАВОРИН ЈЕНКО, Белград, Р. Србија.

2018 година

-Прва награда за пијано на  ULJUS -ПЕТТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ПИЈАНО СМЕДЕРЕВО, Р. Србија.

-Прва нагрда за пијано на Интернационален натпревар МУЗИЧКО ПРОЛЕЧЕ , Смедеревска Паланка, Р. Србија.

Прва награда за пијано на ОСМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ , Гевгелија, 2018.

2019 година

-Специјална Прва награда на Државен натпревар 2019, Скопје.

– Прва награда на меѓународен натпревар за пијано АКОРДЕОН АРТ ПЛУС 2019, Сараево, Р. Босна и Херцеговина.

– Прва награда за пијано на ДЕВЕТТИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ , Гевгелија, 2019.

Анастасија Петреска поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите: д-р Ана Гацева, проф. м-р Јана Четелева-Белевска, Karl Andreas Kolly (Швајцарија) и учество на ДЕСЕТТИОТ ФЕСТИВАЛ на ученици по пијано од основните училишта во Македонија EPTA.MK – Europeanpianoteachersassociation.

Анастасија Петреска редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, оставајќи одличен впечаток пред публиката.

 

Арсениј Ангелески е роден на 9 јули 2005 година во Прилеп. Оваа година завршува осмо одделение во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, а музичкото образование по пијано го стекнува во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп, во класата на професорката Христина Никоска – Тасеска.

 

Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. Освен тоа, Арсениј има освоено:

 

* Лауреат на:

Меѓународниот натпревар „Accordeon Art Plus“ во Сараево (БиХ) (2019).

 

* Специјални први награди на:

– Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје (2014, 2015) година;

– Меѓународниот музички фестивал „Охрид, те сакам!“ (2015);

– VII меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија (2017);

– VIII меѓународен фестивал „Музичка пролет“ во Смедеревска Паланка, Србија (2018).

 

* Први наградина:

– Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ во Охрид (2014);

– V и VIIмеѓународен натпревар за млади пијанисти „Мај – месец на музиката“во Врање (Србија), (2015, 2017);

Фестивалот за млади музички и балетски таленти во Скопје (2015);

IX меѓународен музички фестивал во Аранѓеловац, Србија (2016);

VIIIмеѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци (2017);

Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија (2017);

XXI меѓународно натпреварување на млади пијанисти во Шабац, Србија (2017);

Iмеѓународен натпревар за класична музика „ArtIn-Veles“ во Велес (2018);

III меѓународен фестивал „Полихимниа“ во Скопје (2018);

Меѓународниот натпревар „Интерфест“ во Битола (2018);

Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје(2019);

 

Арсениј Ангелески поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите:д-р Ана Гацева, KarlAndreasKolly(Швајцарија) и RustamRahmedov (Турција). Во 2015 година учествуваше на Летниот музички семинар во Врање, Србија.

 

Арсениј Ангелески редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, забележувајќи одлични настапи.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.