Битолчанец осомничен за полов напад врз неговите три малолетни деца

Монструозен случај денеска ја шокираше Битола. 58 годишен битолчанец е осомничен за полов напад врз неговите три малолетни деца. Имено лицето се сомничи дека повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршувал полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години.

 

Основното јавно обвинителство од Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое е осомничено дека сторило три продолжени кривични дела, односно полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд од Битола доставил предлог за определување притвор за осомничениот. При што осомничениот добил притвор во траење до 30 дена.

 

Според в.д. директорката на Центарот за социјална работа од Битола, Моника Стојческа, случајот бил пријавен во петокот. Нивни тим составен од правник, психолог, педагог и социјален работник веднаш излегол на терен. Децата биле земени во Центарот каде со нив бил извршен разговор, а биле однесени и на лекарски преглед. Во овој момент тие се наоѓале кај мајката и секојдневно биле посетувани од стручни лица. Според Стојческа осомничениот заедно со жената и трите деца живееле во семејна заедница.

 

Според експертите во вакви случаи не се одзема веднаш родителското право затоа што често пати се случувало да се докаже и спротивното дека родителот не е виновен за делото за кое се товари. Прво тој се става во притвор се додека не се соберат сите потребни докази, тимот на вешти лица ја испитува ситуацијата, а потоа сите докази се доставуваат до судот.

 

Според експертите до полови напади врз деца доаѓало поради пореметување на сексеуалната преференца или пак доколку станувало збор за душевно болни личности. Во најголем дел од случаите педофилијата најчесто била проектирана кон туѓите деца, а не кон своите деца.

 

Родителите пак кои извршиле вакви дела, најчесто и тие самите биле злоупотребувани во детството. Истрагата во овој случај треба точно да утврди за што станува збор.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи