Ивановска: ЈО се уште работи под притисок и нарачки

Првиот човек на ДКСК Билјана Ивановска упати остра критика кон Јавното обвинителство, обвинувајќи дека се уште работи под притисок и по нарачки. Ивановска не е задоволна од постапувањето на Обвинителството за нивните барања за кривична одговорност за одредени лица и смета дека селективно се постапува по различни предмети.

 

“За некои предмети се уште нема одговори а за некои предмети пак добивме многу брзи одговори. Тоа ме упатува дека има различни нарачки. Мислам дека треба уште многу да се работи, секој на себе прво па потоа да се зајакнуваат механизмите за контролно однесување. Ние најавивме од наша страна дека за наредната година прво правосудниот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба, ќе си дадеме свој придонес од наш аспект, согласно нашиот закон“, вели Ивановска.

 

Во однос на ветингот во правосудството таа рече дека може да се зборува за најава и за ветинг, но тоа треба добро да се подготви. Ветингот, смета Ивановска, мора да биде заснован на закон.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.