Укината единицата „Алфа“ – со Единицата за јавен ред и мир се спојуваат во посебна интервентна единица

Единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за Јавен ред и мир се спојуваат во посебна интервентна единица, изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

Станува збор за двете единици кои најчесто се на терен кога има спортски настани, протести, партиски митинзи и слични собири.

 

Спасовски рече дека се прави нова реорганизација во МВР, а фузијата на двете единици е по примерот на повеќе европски земји, чија крајна цел е да има поголема видливост и активност на луѓето на терен. За тоа кој ќе раководи со новата интервента единица ќе се знае до петок.

 

Единицата „Алфа“ беше формирана во 2005 година, со цел борба против уличниот криминал. Во 2014та пак надлежноста им беше ограничена и делуваа само во рамки на скопското подрачје.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.