Бумбароски: Време е да се укине класичното домашно до 3. одделение

Пребарувајќи низ достапните истражувачки студии наидов на една од Харис Купер, водечки истражувач кој со децении го проучувал ефектот на домашните задачи, па на крајот заклучил: „Нема докази дека домашната задача ги подобрува перформансите на учениците од нижите одделенија во основното образование“.

 

Не само што не успева да ги подобри перформансите на учениците, туку всушност може да биде и штетна за ставовите на децата кон училиштето и врз нивното физичко здравје.

 

Јас ги играм двете улоги – наставник и родител речиси една деценија.

 

Тоа ме поттикна да направам една листа со активности кои би можеле децата да ги имаат во часовите помеѓу крајот на училишниот ден и времето за в кревет. Сметам дека со овие активности (за ученици до 8-9-годишна возраст) децата ќе постигнат далеку подобри резултати на училиште и во животот понатаму отколку да имаат класична домашна работа.

 

Па да почнеме:

 

1. Скокање со јаже – спонтаните замислени активности водат кон посреќни, поздрави деца.

Преку играта се стекнуваат искуства кои им овозможуваат на децата да стекнат социјални, емоционални и интелектуални вештини што не би можеле да ги стекнат на друг начин.

 

2. Разговор меѓу родителите и децата – семејствата голем дел од времето треба да го поминуваат зборувајќи за тоа како им поминал нивниот ден и денот на детето.

Всушност, разговорот е најдобриот начин за сите нас, особено малите деца, да научиме за нашиот свет и да негуваме емпатија.

 

3. Спиење (сон) – недостиг на сон може да предизвика секаков вид проблеми кај децата, вклучително и слабо внимание, проблеми со однесувањето, тешкотии на училиште, раздразливост и зголемување на телесната тежина.

 

4. Наместо читање во себе, читање наглас – евидентно е дека децата што читаат наглас се подобри во училиште и имаат подобар вокабулар.

Љубовта кон читањето, т.е. развивањето здрави читачки навики може да се постигне на училиште, но, сепак, домашните задачи можат да им го одземаат времето што децата можат да го поминат во читање.

Оваа активност може многу да им помогне на учениците што имаат проблем со изразувањето.

 

5. Шетање на куче – децата кои помагаат и се грижат за домашни миленици помалку се вознемирени, помала е веројатноста да развијат алергии и астма и се поактивни.

 

6. Свирење на музички инструмент – децата што учествуваат во музички активности, особено оние што редовно практикуваат инструмент и активно учествуваат во музички групи, имаат поактивни мозоци.

 

Повеќе од оваа колумна на наставникот Гоце Бумбароски може да прочитате ТУКА.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи