Заев: Нема избори без изгласани суштински закони

Facebook
Twitter
Email
Print

Блокирањето на суштинските закони како оние кои се однесуваат на платите и пензиите може да го одложи одржувањето на предвремени парламентарни избори, изјави денес премиерот Зоран Заев.

 

„Суштинските закони ако предизвикаат блокада на пензии, на социјални трансфери, на плати итн, тогаш изборите може да се одложат. Ова не е закана, зашто тоа е одговорност на секој пратеник, независно дали е од власт или од опозиција, исто како и на Владата и на локалната сампуправа. Следам што се случува во Парламентот и ако перфидноста на користиње филибастеринг за изборното законодавство или за пензиите, може да значи пролонгирање на процесите. Јас тоа не го посакувам, но сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се` граѓанска и политичка, е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, изјави премиерот Зоран Заев.

 

Владата неодамна испрати повеќе од 120 закони до Собранието за гласање по брза постапка.

 

Опозицијата врати дека станува збор за закана на премиерот поради, како што тврди, негова паника од изборно соочување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев само бара изговори за да избегне изборно соочување на 12 април.

 

„Веројатно човекот го фаќа паника, но избори ќе има. И од тоа нема бегање, имаше три години да ги донесе сите закони за кои сметаа дека се од интерес на граѓаните“, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Покрај законите за зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, тука се и законите за одбрана и за јавно обвинитество за чие носење е неопходно двотретинско мнозинство и косензус на партиите кој во моментов го нема.

 

На крајот на октомври, партиските лидери на средбата кај шефот на државата се договорија изборите да се одржат на 12 април, на почетокот на јануари да се избере техничка влада, а на 11 февруари да се распушти Собранието.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи