ВИДЕО – Граѓаните многу малку се запознати со Законот за бесплатна правна помош

Граѓаните не се доволно запознати со Законот за бесплатна правна помош, ниту тоа кои се нивните права, ниту како можат да се заштитат. Токму за таа цел Младинскиот културен центар од Битола, денеска во Прилеп организиираше едукативна сесија каде се прмовираше проектот „Пристап до правда во Македонија“,односно Законот за бесплатна правна помош кој започна да се спроведува од 1 октомври 2019. Постојат два вида на ваков вид на помош. Примарна правна помош, која може да јапобара секој граѓанин, а се обезбедува преку ваквите здруженија како што е МКЦ Битола, потоа преку подрачните министерства за правда и правните клиники. Исто така има и секундарна правна помош преку која се обезбедуваат адвокати кои се регистрирани во регистарот за бесплатна правна помош.

 

 

„За едно лице да се стекне со бесплатна правна помош, односно правна помош обезбедена од адвокат, потребно е да исполнува 2 клучни услови. Тоа се услов поврзан со приход и услов поврзан со имот. Кога зборуваме со приходот, барателот не треба да надминува од минимална нето плата, или 14.500 денари за да се стекне со бесплатна правна помош. Доколку станува збор за двочлено семејство тогаш вториот член може да има плус приход од 2.900 денари, доколку станува збор за трет член значи плус уште 2.900 денари итн. Кога станува збор за имотот барателот може во сопственост да има еден станбен објект, или стан во кој што живее. Може да има моторно возило чија работна површина не надминува повеќе од 1200 кубици. Може да има во сопственост една или повеќе катастарски парцели, кои што не надминуваа повеќе од 300 метри квадратни во градот Скопје, 500 метри квадратни низ општините во државата и 5.000 метри квадратни во руралните средини“, истакна Ирена Стојчевска, Младинскиот културен центар од Битола.

 

Ако се исполнети овиие услови се поднесува барање за бесплатна правна помош до подрачното министерство за правда и тие се должни во рок од 15 дена да донесат потврда дали се одобрува или се одбива барањето. Но за жал според адвокатите граѓаните не биле доволно информирани за овој закон.

 

„Можам да речам дека не се целосно информирани, во зависност од тоа кој колку се интересира. Значи поединци ако се интересираат на пример одат и си ги бараат правата. Голем дел сметам дека не се информирани, своите права си ги бараат откако ќе му се прекршат правата“, рече Благица Вескоска, адвокат.

 

Како најчести прашања на граѓаните биле прашања поврзани со законот за семејнии односи и имотно правните области. А овој закон се сака да се анимира и кај работниците, односно во примената на Законот за работни односи.

 

„Можеме да заклучиме дека во општина Прилеп правата на работниците се на ниско ниво во делот на информации, во делот на запознавање на нивните обврски и права, но исто така и неусогласување со работодавачите. Воедно прекршувањата на правата се однесуваат во неисплаќањето на к15, исто така имаме проблем и со минималната плата. Во однос на прекршувањата на другите права во делот на Законот за работни односи, се однесува на дискриминацијата, мобингот, за жал, кој што го има сеуште во текстилната индустрија, земјоделскиот сектор. Можам да потенцирам дека текстилната индустрија во општина Прилеп е навистина во значително очајна состојба, затоа што дел од нивните работници бегаат од нивните компании и одат во новите компании, кои ги нарекуваме странски инвестиции, кои што во општина Прилеп ги имаме 3. Така да на работничките права навистина треба многу повеќе да се работи во овој дел, за да работниците ги усогласат нивните можности и предизвици кои ги нуди новиот Закон за работни односи, кој би требало да стапи на сила од февруари наредната година“, вели Рубинчо Аризанкоски, здружение „Достоинствен работник“.

 

Од 1 октомври 2019 до вчера имало 190 граѓани кои побарале примарна правна помош во Пелагонискииот регион, а 8 секундарна правна помош, од кои 6 веќе биле во судска постапка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи