ВИДЕО: „Комуналец“ – Прилеп набави автоматска преса за пресирање и балирање отпадни материјали

Прилепски „Комуналец“ набави хоризонтална автоматска преса BPH50, наменета за пресирање и балирање на сите видови хартија, картон, за отпадот од графичката индустрија и отпадните материјали од индустријата, воопшто, како и за лименки, шишиња кои може да се балираат.

 

 

Пресата која чини 3.690.000 денари „Комуналец“ ја набави со средства од проектот „БИО – РЕАЛ“, од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, прекугранична соработка со Грција.

 

Автоматската преса е со потисок од 200 бари, изработена е од квалитетни челични материјали, со примена на современи конструкциски решенија, со што е обезбедена сигурност и брзина во работењето. Современите електронски системи- PLC овозможуваат автоматско работење на пресата, при што, улогата на раководење е само контролна.

 

Балите од отпадните материјали се испланирани и димензионирани со што се обезбедува најрационално искористување на транспортните средства и просторот за складирање. Заштедата во транспорт ќе допринесе за поголема финасиска корист од продажбата на отпадните материјали. Воедно, автоматската преса заменува 10 работници, со што се обезбедува работна сила за побрз асортиман на отпадните материјали.

 

Со овој проект, „Комуналец“ набави и специјално комунално возило во вредност од преку 3, 700 000 денари за да го олесни собирањето и транспортирањето на рециклираните материјали од домаќинствата.

 

Инаку, проектот БИО – РЕАЛ го користат шест партнери: општините Халкидона и Термаикос од Грција, Универзитетот за храна од Солун, ЈКП „Дервен“ од Велес, Општина Свети Николе и прилепски „Комуналец“.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи