ВИДЕО – Учениците од прилепската гимназија со голема хуманитарна акција за социјално ранливите семејства

Училишниот парламент при гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, оваа година по повод Нова Година и Божиќните празници организираше хуманитарен марш на кој што беа поделени 300 пакетчиња со храна, 50 пакетчиња училишна опрема и преку 150 пакетчиња со облека за социјално ранливиите категории од ромска националност во Прилеп.

 

 

„Овие средства со кои се набавија овие пакетчиња се собирани во текот на целото прво полугодие во гимназијата „Мирче Ацев“ по пат на донации, хуманитарни натпревари, како што натпреварот по брза географија и други натпревари. Наше задоволство и чест ни е со директорот, заменикот претседател Марио Велкоски и директорот Димче Настоски оваа година да ги усреќиме децата, односно да им поделиме по едно пакетче со храна, или едно пакетче со облека, или на оние на кои им е потребна училишна опрема, се со цел наредната 2020 година да ја поминат во хармонија и пријатно расположение“, истакна Сашо Јандрески, претседател на училишен парламент.

 

За директорот Диме Настески била огромна чест и гордост да се биде дел од еден ваков хуман настан кој го организираат учениците.

 

„Со финалето на денешната акција учениците покажаа до каде може да оди човечката хуманост. Среќен сум што како директор се наоѓам на чело на иниституцијата која има вакви ученици и која што покажува големо чувство на хуманост и се надеваме дека тоа ќе продолжи и во наредните години. Оваа акција е за поздравување и воедно поттик за сите други хумани луѓе да изнајдат начин да помогнат на луѓето кои што се од социјално загрозените семејства, или ранливите семејства“, рече Настески.

 

Ученициите посакаа оваа нивна акција да прерасне во традиционална.

 

„На сите деца им посакуваме среќни и весели празници и многу бериќет и здравје во новата година. Со оваа акција порачуваме дека најважна е љубовта во светот и сите заедно можеме да успееме и да си помагаме“, кажа Михаела Аџиоска, ученик во гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи