Прилепскиот џудо клуб „Сеишин“ прв во Македонија за 2019 година

Со освоени 318 бодови во севкупна конкуренција прилепскиот џудо клуб „Сеишин“ е прв во Македонија за 2019 година. По тој повод Сеишин-Прилеп одржа предновогодишниот коктел и пригодна свеченост каде се доделија награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2019 година на ниво на клубот, а се доделија и признанија за заслуги и помагачи на клубот како и елаборирање на постигнатите резултати и останати активнисти во 2019 година.

 

Во натпреварувачката 2019 година Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно 10 Државни Првенства со  освоени 96 медали, 10 Меѓународни Турнири со освоени 66 медали, 4 Балкански Првенства (8 членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) без пласман  и учество на 1 европски куп во Загреб без пласман.

 

ИМЕНО НА ОВИЕ ПРВЕНСТВА ОСВОЕНИ СЕ ВКУПНО 162 МЕДАЛИ И 4 ПЕХАРИ.

 

Дел од кадетите членови на клубот настапија и за националната репрезентација во САМБО на Балканско Првенство кое се одржа во Скопје при што како членови на машката и женската Самбо Репрезентација за кадети освоени се вкупно 4 Балкански медали (1 прво Место, 1 второ и 2 трети места).

 

Пехарите се освоени на следните Првенства:

 

  • Меѓународен Турнир Струга Опен 2019 за најдобри пионери.
  • Меѓународен Турнир Сребрено Језеро 2019  за најдобри кадетки.
  • Меѓународен Турнир Прилеп Град Херој 2019 за најдобра екипа во кадети.
  • Државно Екипно Првенство за Сениори-ки за освоено 2 место Екипно.
  • За посебно одбележување е да се спомене настапот на  Европски Куп во Загреб-Хрватска за кадети-ки со натпреварувачката Теодора Димеска каде не успеавме да освоиме позначителен резултат, меѓутоа собравме дополнително искуство.

 

Најзначаен успех за 2019 година  е освоеното 1 место во севкупна конкуренција на ниво на Македонија.

 

Клубот оваа година организираше и 2 Државни Првенства (Кадети и Ветерани)  и 1 Меѓународен Турнир (традиционално 11-ти по ред, со најголем број на натпреварувачи 320 и најголем број клубови учесници досега 35), а особено е важно што присуствуваа 3 странски еминентни џудо стручњаци (Славко Обадов 9 дан, Павле Буљчик 4  дан од Србија  и Чихи Јанош 6 дан од Унгарија).

 

Сеишин технички организираше 1 Манифестација – Светски ден на Џудото каде заедно со уште неколку клубови и претседателството на Џудо федерацијата на Македонија се посадуваа садници во месноста Селце.

 

Клубот со свои претставници зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови и тоа во Загреб и Белград и двата за кадети.

 

Стручните лица на клубот зедоа учество и на 2 џудо стручни семинари за во Битола (тренери и судии) и Белград (тренери).

 

Листа на најдобри натпреварувачи на ниво на клуб за 2019 година:

 

Ветерани: Киро Здравески, Маке Спиркоски

Јуниорки: Александра Најдоска

Јуниори: Марио Цинцароски

Кадетки: Теодора Димеска

Кадети: Јован Најдоски, Антонио Талески

Пионерки: Ивана Стеваноска

Пионери: Сеадин Рустемоски

Помлади Пионерки: Теа Настоска,Теона Настоски

Помлади Пионери: Димитри Џокоски

Деца момчиња: Благојче Мантароски

 

 

НАЈУСПЕШЕН НАТПРЕВАРУВАЧ НА НИВО НА КЛУБ Е ПРОГЛАСЕНА ТЕОДОРА ДИМЕСКА.

 

ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА 2019 МИКИ ЧАДАМОВ 1 ДАН.

 

ПОСЕБНА ПЛАКЕТА ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ТРЕНАЖНИОТ ПРОЦЕС КАЈ МЛАДИ ЏУДИСТИ ДОБИВА ВЕТЕРАНОТ ВО КЛУБОТ Г-ИН МАКЕ СПИРКОСКИ.

 

ПЛАКЕТА ЗА ПОСЕБНИ ЗАСЛУГИ ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИ КОНТАКТИ НА КЛУБОТ СО ШТО СЕ ПРОГЛАСУВА ЗА АМБАСАДОР НА КЛУБОТ, ДОБИВА Г-ИН КИРО ЗДРАВЕСКИ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.