Прилепчанецот Златко Крстевски во јапонска антологија на Манга уметност

На 29-тиот меѓународен фестивал кој ја промовира Манга културата, современ стрип и карикатура, во Музејот во Саитама, во рамки на Триеналето Интернационал Саитама Арт Фестивал 2020, покрај селектираните 98 уметници, познати мајстори на Манга културата од Франција, Италија, Чешка, Кина, Украина, Турција, Јапонија, од Македонија учествува визуелниот уметник Златко Крстевски, со две дела публикувани на 128 страни  албум со биографски референци, англиски и јапонски : „The Best Cartoon of NIPPON“.

 

Во предговорот градоначалникот на градот Саитама Хајато Шимицу вели : „Годинешната тема е „цвеќе“, кое е симбол и централен дел на нашиот проект тоа е симбол и централен дел на креирање на културaта и уметноста  којa  има за цел  да ja промовира  интерактивната  размена на  домашни  и меѓународни  гости низ концептот „Создаваме и  учествуваме во иднината“ низ  разни  уметнички  проекти во светот“.

 

Самиот град е дом на Ракутен  Китазава, таткото на модерната Манга уметност, каде се најдува Музејот .

 

Кога сме кај Јапонија Крстевски учествуваше на изложбата во Токио во „Tokyo Motoazabu Gallery“ од 12-18 септември на изложбата насловена „Wonderful? Wonder World 2019,  „The freedom of expression“.

Минатата година беше откупено едно дело од  Музејот во Саитама, од Крстевски. Крстевски е активен член на ДЛУБ-Битола, ХДК-Загреб. Забележителна е и сликарската изложба во рамки на Кореа Унеско чиј куратор е проф.магистер  Clemens Beungkun Sou  во  GUNSAN ART CENTER Dec.05.11. 2019.каде учествуваа и македонските уметници проф.Решат Амети и Бурим Ајдини. Секој автор учествува со по 2 дела масло на платно поголем формат.

 

На друга изложба во Северна Кореа во градот Инчеон Метрополитан, во рамки на Инчеон фестивал Крстевски е добитник на награда за сликарство. На поставката куратор е Yoo Choong Yeul како и Ед Хансен од Холандија, за делото Гениус Локи 165х80

 

 

https://www.city.saitama.jp/004/005/002/003/001/

http://www.incheonfineart.org

http://www.gallery-museum.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.