ВИДЕО – И годинава хуманитарната акција за Божик од страна на Црквата Свето Благовештение во Прилеп

Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 11-ти пат ја организираше хуманитарната акција за Божик со која на 110 социјално загрозени семејства од градот ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена. Акцијата ја организираат вработените во црквата кои функциониираат како неофицијална хуманитарна организација која го носи името на светителот „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“.

 

 

Годинава излегоа доста граѓани за празникот Свети Никола, кога и се одвиваше оваа акција, се собраа доста средства, многу повеќе од лани. Тие семејства ги планираат свештениците, самата црква го организира списокот и ги носиме онаму каде што треба“, истакна Драган Џокоски, раководител на акцијата.

 

„Една мала хуманост, спрема семејствата кои се доста загрозени, а од година во година ги има се повеќе во нашиот град. МПЦ е доста ангажирана во ова потпомагање“, рече Димитaр Јанакиоски, верник, помагател во акцијата.

 

Средствата за оваа акција се собираа од хумани граѓани и верници кои донираа пари во специјалните кутии кои во текот на месец декември беа поставени во сите православни храмови во Прилеп. Во акцијата се вклучи и самата црква.

 

„Црквата, прилепчаните, хуманоста на народот, излегува во пресрет да им се помогне на било каков начин на овие семејства, со делење на пакети, на колетчиња на малите и бездомни деца и друго“, кажа Димитар Шишкоски, црковен настојател.

 

Од црквата порачуваат да помагаме колку што можеме повеќе на тие кои помошта им е најпотребна.

 

„Дошла вдовицата и ги пуштила двете лепти, тоа се две безначајни пари. И тогаш Господ им кажува на учениците : „Таа даде најмногу, заради тоа што таа го целото свое богатство, а сите други даваат од својот вишок. И тогаш  да се потсетиме на зборовите на светиот Максим Исповедник, наше е само она кое што го даруваме на други, се друго е Божја сопственост“, изјави Емилијан Зелнички, теолог.

 

Вакви акции црквата Свето Благовештение организира два пати во текот на годината, за Божик и Велигден.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи