ВИДЕО – Во Крушево за Коледе се одржа уникатниот настан „Дева“, кој освен тука се одржува уште само во Витлеем

Крушево е единствениот град во Македонија каде вечерва за Коледе не се палат Коледарски огнови, кои што го најавуваат Христовото раѓање. Божик вечерва во Крушево се најавува со една уникатна традиција, насловена како „Дева“, која што тука опстојува со векови. Куриозитет е тоа што освен во Крушево вака овој ден, единствено во целиот свет, се одбележува уште само во Витлеем, во Израел, каде според преданието на црквата и е роден Исус Христос. Во манифестацијата „Дева“ учествуваат исклучиво млади момчиња, кои ја носат црвената Давидова ѕвезда шетаат низ Крушевските улици и ја пејат песната „Дево Дејане“, одат од куќа на куќа, а домаќините ги даруваат со пари.

 

 

„Секоја година сум тука за овој настан. И утре за коледе и вечерва. Коледарите ги даруваме со пакетчиња, бомбончиња, парички. А вечерва „Деварите“ исклучиво со пари и тоа повеќе“, истакна Александра Илиевска, крушевчанка која живее во Скопје.

 

Собраните средства годинава ќе се даруваат на првото Крушевчанче кое ќе се роди после Бадник. Инаку година по 7-ми пат оваа манифестација е во организација на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ и Локалниот Младински Совет со поддршка на Православната црква и Општина Крушево.

 

„Дева е обичај кој што е стар стотиции години и кој што се верува дека во Крушево е пренесен од Русија, печалбарите го донесле тука. Овој празник е многу важен за крушевчани бидејќи врши голема промоција на Крушево, но исто така и на вредостите кои ги имаме и се уникатни само за нас“, рече Билјана Стојаноска, дел од организацијата на настанот.

 

„Поттикнати од идејата дека младите се носители на напредокот во овој град. И сакајќи да напредуваме како туристичко место, но и од еден сосема друг аспект, сакајќи да се зачува традицијата која младите полека ја забораваат и да се подигнат вредностите поврзани со овие Божикни празници“, истакна Зорица Кузманоска, професор во СОУ „Наум Наумоски Борче“.

 

„Ова е уште еден голем настан кој значи промоција на Крушево, односно предизвикува големо внимание кај оние кои не посетуваат. Ние ќе продолжиме во иднина да ги поддржуваме ваквите настани, што значат поголем раст и развој на туризмот во нашиот град“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

 

 

Крушевчани се гордии на оваа манифестација, а присутните туристи беа восхитени од настанот кој прв пат го гледаат.

 

„Горди сме на оваа манифестација затоа што постои само во нашиот град и во Витлеем, вакво нешто никаде на друго место неможете да видите“, рече една крушевчанка.

 

„Имаме гости се интересираат да доаѓаат до другиве градови“, кажа друг крушевчанец.

 

„Во Крушево сме незнам после 30 или 40 години повторно, ние сме од Скопје, и сме восхитени“, рече една гостинка од Скопје.

 

„Ние сме од Скопје, не сме дојдени тука специјално за овој настан. Тука сме на викенд, но ете го видовме и ова и сме навистина восхитени, прекрасно е“, велии друг посетител од Скопје.

 

 

 

 

За идната годиина се планира уште поголема промоција на настанот кој во иднина би можел да стане уште еден голем туристички бренд на Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.