Трипуновски : Откупот на тутунот е катастрофален, а Тутунски Комбинат Прилеп не работи 20 дена

Дополнителниот заменик министер за МЗШВ, Цветан Трипуновски на првиот работен ден беше во посета во прилепското село Мало Коњари каде што пред земјоделците го презентираше неговиот план за работа и делување во министерството.

 

Тој пред присутните посочи дека игнорантскиот однос и проблемите кои власта на СДСМ ги имала кон земјоделците од овој крај завршувал, бидејќи сега тие добивале заштита и гаранција дека трудот ќе им бил вреднуван отсега па натаму.

 

Откупот на тутунот е катастрофален и се одвива по притегнати линии, дополнително Тутунскиот Комбинат Прилеп веќе 20 дена е затворен и не врши откуп додека сезоната е во ек. Акумулацијата за наводнувавње на прилепското поле е празна, а за скоро земјоделците ќе треба да почнат со наводнувањето на земјоделските површини. Се уште не им се исплатени субвенциите за млеко и другите култури. Расте трендот на иселување на младите од овој регион, а една од причините е тоа што се уште нема одговор од страна на министерството за мерката млад земјоделец, изјави Трипуновски.

 

Трипуновски додаде дека лично ќе се заангажирал и ќе ги посетел сите агенции и инспекторати за да провери каде се закочени работите и зошто се доцни толку со исплатите и обврските кон земјоделците и останатите проекти.

 

Овие 100 дена како технички заменски министер ќе ги искористам максимално и ќе се посветам на работата за подобрување на условите и стандардот на македонскиот земјоделец. Од денеска па до последниот ден до 12 април, јас ќе бидам постојано на терен секојдневно, потенцираше Трипуновски.

 

Според Трипуновски сите манипулации и притисоци ќе биделе минато и карактеристика за владеењето на Зоран Заев и неговото опкружување, а приоритетите на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидело враќање на достоинството на земјоделците и овозможување на реален поттик и мотив за младите земјоделци да останат во Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.