ВИДЕО – Застој и незадоволство со откупот на тутун во Долненско, за Министерството постигната е историски највисока цена

Половината од вкупно произведениот тутун во Општина Долнени или од 3.500 до 4.000 тони не се откупени според изјавите на тутунарите кои денеска не сакаа да дадат јавно изјава во камера. Според нив откупувачите не работеле редовно и не им го оценувале реално тутунот. Дека има одреден застој потврдуваат и од Сојуз на земјоделски здруженија, но не наведуваат зошто е тоа така.

 

 

„Таму динамиката на откуп беше послаба, пунктовите беа отворени, а тутун не се носеше. Доколку се јави проценка нереална, под мострите, слободно да се задржува за Второстепена комисија, таа ќе излчегува на терен“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

 

Според Министерот Димковски сосега бил откупен околу 80% од планираниот тутун во Македонија или 20 милиони килограни со просечна цена од 222,5 денари за килограм, што била историски највисока цена. Над 35% од откупениот тутун бил прва класа. За Долнени според Димковски дополнително ќе се испитувала ситуацијата.

 

Сега кога зборуваме за овие тактики, од она што јас го слушам, тутунарите очекуваат и тактизиираат не го носат за да постигнат поповолна цена, затоа ќе имаме разговор со сите“, истакна Трајан Димковски, министер за земјоделство.

 

Од Државниот земјоделскии инспекторат не веруваат дека има некаков таен договор помеѓу откупувачите кој би бил на штета на тутунарите.

 

„Досега официјално до Второстепената Комисија нема поднесено никаков приговор. Тоа е право на тутунарите, што значи дека проценките за цената и влагата на тутунот не се спорни“, додаде Зоран Шапуриќ, директор на Државен земјоделски инспекторат.

 

Официјалниот откупот на тутун во Македонија завршува на крајот од февруари.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.