ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Tестот по Македонски јазик претходно даден на кандидати за наставници членовите на СДСМ во Прилеп

Пред околу еден месец се уште се сеќаваме како без никакво оправдување беа поништени конкурсите за избор на наставници по физичко воспитување, со некаква наводна техничка грешка, речиси во сите основни училишта во Прилеп. Штетата за ваквите постапки е направена и истата ќе ја сносат со својата морална и кривична одговорност директорите на училиштата. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„После ова, повторно се распишаа конкурси за пополнување на слободните места во училиштата на определено време, иако задоцнето, бидејќи според законот за основно образование интервентното ангажирање може да трае само 3 месеци.

 

Пријавените кандидати на овие конкурси се обврзани да полагаат познавање на Македонски јазик и кирилско писмо, и замислете сите полагања беа закажани во ист термин.

 

Прашуваме: Дали е точно дека тестот по Македонски јазик им е претходно даден на членовите на СДСМ, а кандидати за наставници, во просториите на СДСМ Прилеп?

 

Дали тестот бил така направен што за некои прашања и советниците по македонски јазик би се подзамислиле?

 

Парадоксот да биде поголем во дел од училиштата од страна на Училишните одбори се донесени и правилници за вработување, кои се законски неиздржани и според кои финалниот збор во одлучувањето го има директорот преку интервју со кандидатите?

 

Дали е ова образованието што ни го ветуваа Илија Јованоски и Миле Талески

 

Бараме кривична одговорност и оставки од сите инволвирани.
Редно време е да се разбуди обвинителството и да ги испита сите активности на директорите назначени од Илија Јованоски и локалната власт на СДСМ.

 

На крајот ве потсетуваме дека по 12 април, ќе одговарате сите што си поигрувате со интелектот на кандидатите за наставници,но и на граѓаните кои свесно и противзаконски ги манипулирате”, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи