110 прилепчани ќе скокаат по Светиот крст, 6 се девојки, најмалиот е роден 2010-та, а најстариот пријавен учесник 1969-та

Годинава во Прилеп по Светиот Крст за празникот Богојавление – Водици ќе скокаат 110 прилепчани од кои 6 се девојки. Најмалиот учесник е Вања Ѓорѓиоски роден 2010 година, а најстариот пријавен е Роберт Стојаноски роден 1969 година.

 

Пријавувањето веќе заврши, а истото се случуваше традиционално на третиот ден од Божик или 9-ти јануари. На сите оние кои сакаа да бидат дел од оваа манифестација им се бараше да имаат крштално сведителство.

 

Како и лани така и оваа година фрлањето на Крстот ќе се изврши во Аква паркот Салида во Прилеп со почеток во 11 часот.

 

Претходно во сите православни храмови во Прилеп ќе се одржи Божествената литургија со почеток во 04.00 часот наутро. Литургијата завршува околу 6.30 до 7.00 часот по што се пристапува кон извршување на Светиот  Богојавленски водосвет сите цркви.

 

Исто така традиција во Прилеп е во моментот кога се осветува водата да се пуштаат гулаби како симбол за Светиот дух, кој се појавил во вид на гулаб, за време на крштевањето на Исус Христос од страна на Свето Јован Крстител во реката Јордан.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи