Прилепчанец заработи кривична за затајување данок

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. (53) од Прилеп и правeн субјект од  Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „даночно затајување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“.

 

„Во периодот од 01.05.2018 до 31.12.2018, првопријавениот, во својство на управител и еден од сопствениците – овластено лице во правниот субјект  со намера да ја избегне обврската за плаќање на данок – односно делумно плаќање на ,,данок на додадена вредност“ кон УЈП, не го евидентирал целокупниот промет на добра кој го остварувал преку дејноста на правниот субјект – ,,трговија со градежни материјали на мало“, односно во наведениот период извршил промет на добра кон друг правен субјект и кон лицето П.О. од Прилеп, во висина од 1.716.503 денари, кој не го евидентирал во сметководствените евиденции, како и во даночните пријави за целите на ДДВ, кои согласно законската обврска ги поднесувал до УЈП во 2018 година“, информираат од МВР.

 

Според МВР на ваков начин првопријавениот, во текот на 2018 година до УЈП поднесувал невистинити податоци – даночни пријави со лажни податоци за целите на ДДВ и ја избегнал обврската за плаќање на данок за додадена вредност во висина од 261.972 денари, на штета на буџетот на Македонија.

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи