Пад на Македонија за 13 места според индексот за перцепција на корупцијата, 106 место од 180 држави

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија падна за 13 места подолу на ранг листата на Индексот за перцепција на корупција, што за 2019 година денеска го објави меѓународната „Транспаренси интернешнл“. Со 35 индексни поени, земјата се најде во групата „многу ниско“, а 106-тото место меѓу 180 земји го дели со Албанија, Алжир, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, Египет и Монголија. Годинава Македонија има 2 поени помалку од лани.

 

Македонија и Албанија се најлошо рангирани во регионот. Косово и Босна и Херцеговина се на 101 место со индекс 36, Србија на 91 со индекс 39, Црна Гора на 66 место со индекс 45, Хрватска на 63 со индекс 47, Бугарија на 74 со индекс 43, а Грција на 60 со индекс 48.

 

Осврнувајќи се на резултатите, на денешната прес конференција претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева, изјави дека борбата против корупцијата во Македонија назадува дополнувајки дека постои континуиран пад од 2012 година до 2018 кога е забележано подобрување, но во 2019 индексот на перцепција на корупција повторно паѓа.

 

„Состојбата се врати на она што беше во 2017 година кога сметавме дека има најмала доверба во институциите, но резултатите се такви и денеска. Мерките што се преземаат не се реални и не даваат резултат. Тие укажуваат на влијанија на политиката врз бизнисот и обратно на бизнисот врз политиката. Целата ситуција со смалување на ефектите во работата на СЈО има влијание затоа што анализите се правени во 2019 кога се случуваа настаните. Но да не заборавиме дека сепак, довербата во судството е подобрена, иако има пад во економските показатели, демократијата, транспарентноста и инклузивноста на граѓаните“, изјави Тасева.

 

Индексот рангира 180 земји и територии според нивото на перцепција на корупцијата во јавниот сектор, според експерти и бизнисмени. На скалата од еден до 100 помалиот индекс означува земја „почиста“ од корупција.

 

Минатата година земјата беше оценета со индекс 37 и рангирана на 93 место, заедно со Гамбија, Гијана, Косово, Монголија и Панама.

 

Во 2017 година Македонија имаше индекс 35, како и сега, и беше рангирана на 107 место, најниско откако постои Индексот на перцепција на корупцијата, кој се мери од 1995 година.

 

Како приоритети во борбата со корупцијата, „Транспаренси“ ги истакнува управувањето со конфликтите на интереси, контолата на политичкото финансирање, јакнењето на избирачкиот интегритет, регулирањето на лобирањето, зголемувањето на моќта на граѓаните, сузбивањето на привилегиран третман и зајакнувањето на надзорот и контролата.

 

 

 

 

 

 

[poll i

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи