Светот одбележува 75 години од ослободувањето на озлогласениот логор Аушвиц

Денеска се одбележува 75-годишнината од ослободувањето на еден од најозлогласените нацистички концентрациони логори Аушвиц-Биркенау од страна на советските сили во 1945 година.

 

Повеќе од 200 преживеани, од кои најмногу Евреи, дојдоа на церемонијата од Израел, САД, Австралија, Перу, Русија, Словенија и други делови на светот, а во Полска денес се и многумина кои ги загубиле своите родители и предци во Аушвиц или други нацистички кампови, пишува АП.

 

На комеморацијата, предводена од полскиот претседател Анджеј Дуда и лидерот на Светскиот еврејски Конгрес, Роналд Лаудер, присуствуваат светски официјални претставници, меѓу кои и израелскиот претседател Рувен Ривлин, српската премиерка Ана Брнабиќ, словачката претседателка Зузана Чапутова, претседателите на Австрија и Германија, Александар ван дер Белен и Френк Валтер-Штајнмаер, словенечкиот претседател Борут Пахор, белгиската премиерка Софи Вилмс, бугарскиот премиер Бојко Борисов, хрватскиот Андреј Пленковиќ и на Чешка, Андреј Бабиш.

 

Логорот бил изграден помеѓу 1940 и 1942 година, со окупирање на нацистичките сили во близината на градот Освенцим, во јужна Полска. Аушвиц претставувал мрежа од логори, во кои се комбинирале масовни убиства со изгладнување и истребување со физичко исцрпување. Кон крајот на летото во 1941 година, нацистите започнале да експериментираат со нови методи за убивање – кристален водороден гас на база на цијанид, наречен циклон Б. Како што напредувала војната, во логорот биле конституирани поголеми гасни комори.

 

Пристигнувањето во логорот почнувало со процес на селекција – нацистичките лекари прво проценувале дали некое лице е доволно здраво за да се користи како роб или веднаш да се испрати во коморите со гас. По смртта, имало група избрани затвореници чија задача била да ги отстрануваат косата, златните заби и пломбите од труповите, пред да ги запалат во печките од крематориумот.

 

Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го насочил шефот на СС, Хајнрих Химлер, да развие стратегија за замена на населението во Источна Европа со луѓе од чиста „ариевска“ крв. Најголем дел од словенското и балтичкото население, вклучувајќи и околу шест милиони Евреи што живеат во Источна Европа, требало да бидат истребени.

 

Помеѓу 1940 и 1945 година во Аушвиц умреле најмалку 1,1 милион луѓе, од кои 90 отсто биле европски Евреи. Жртвите исто така вклучувале 70-75 илјади Полјаци, 21.000 Роми, 14.000 советски воени затвореници и 10-15 илјади жртви од други националности.

 

 

 

 

 

Чиј концерт би сакале да проследите во Прилеп ?

View Results

Loading ... Loading ...

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.