ВИДЕО – Дали Еурокомпозитовци се излажани и за ветените придонеси ? Продолжен принудниот одмор на вработените, компанијата не работи

Принудниот одмор на 60-тина вработени во државната компанија Еурокомпозит им бил продолжен до крајот на февруари. Во фабриката е исклучена струјата бидејќи нема пари да се плати, а воопшто немало ниту најава за некаква работа и нови договори. За да трагедијата биде поголема Еурокомпозитовци се сомневаат дека нема да им бидат платени ниту придонесите од 2012 година до денес, нешто што им беше ветено од Владата, дека истите ќе бидат подмирени со пари од буџетот. Тие денеска остварија средба со делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицикоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп кои им кажале дека не биле предвидении пари во буџетот за нивните придонеси.

 

 

„Тие ни кажаа дека во овој момент со оваа техничка Влада не може ништо да се направи, за ова што ни кажуваа дека придонесите ќе ни ги платат. Тоа не било поминато во ребалансот на буџетот, тоа сето било лага и нема да бидат платени тие придонеси. Ни ветија дека ако дојдат на власт ќе пробаат да го решат нашиот проблем. Ама како што знаете сите ветуваат, а никој не исполнил ништо. Се надеваме дека сепак со оваа средба ќе поттикнат нешто и ќе се реши нашиот проблем. Нас од страна на Владата ни беше кажано дека проблемот со придонесите е решен и дека само треба да се донеси одлука со претставникот на државниот капитал, а денешните гости ни кажаа дека не може да се реши, дека тоа е лага. Прво требало да се обезбедат средства од буџетот па да се платат тие пари за да се реши проблемот“, изјави Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Претседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицикоски, при денешната посета на Прилеп истакна дека тие ќе понуделе одржливо решение за Еурокомпозит, по изборите на 12 април, кога според него ќе формирале Влада, но не прецизираше какво ќе биде тоа решение.

 

„Станува збор за долгови од околу 5 милиони евра и кон доверителите и кон вработените. Разговаравме за сето тоа што им било ветувано од страна на најпрвин поранешниот вицепремиер Анѓушев, од г-дин Заев, помалку комичнии ветувања. Она што ние им го дадовме како одговор е дека од сето тоа што го слушнавме ќе се обидеме да извлечеме решение кое е долгорочно и кое ќе биде во корист на сите оние 60-тина вработени кои се сега таму, но и на оние 150-тина кои се прогласија за технолошки вишок. Владата на ВМРО-ДПМНЕ после 12 април ќе понуди едно одржлииво таково решение“, истакна Христијан Миицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Мицкоски на Еурокомпозитовци им ветил дека ќе се обиде да им договори средба со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за да се разгледа можноста околу дореализирање на некаков стар договорот со МВР според кој Еурокомпозит би им испорачал панцири и шлемови на Министерството, а тие би ја доисплатиле сумата од договорот.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи