ВИДЕО – Маркови Кули добива план за управување за наредните 10 години, ќе го спроведува Институтот за старословенска култура

За прв пат локалитетот Маркови Кули кој се простира на околу 4.000 ха и кој е прогласен за споменик на природата и се наоѓа на привремената листа на заштита на УНЕСКО, ќе добие план за управување кој ќе важи во наредните 10 години. Со овој споменик во иднина ќе управува Институтот за старословенска култура од Прилеп кој организираше јавна расправа за овој документ и сите забелешки кои ги има некоја институција или поединци може да ги достават во рок од 10 дена. По усвојувањето на овој план Институтот ги превзема сите обврски за локалитетот.

 

 

„Ние немаме увид, освен на просторот на ридот на Маркови Кули или на Трескавец што е некаде само 10% од просторот. Во другиот дел од локалитетот кој е 90% ние немаме реален увид во состојбите. Значи почнуваме од нула, најблаго речено. Ние имаме централо место во заштитата, промоцијата и насочувањето во кој правец ќе се развива просторот. Ние сме првиот пукт на заштита и промоција на овој простор“, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп.

 

Целото подрачје ќе има 3 зони, зона на строга заштита, зона на активно одржување и зона на одржливо користење, така што од тоа ќе произлезат и одредени обврски и ограничувања во тие зони.

 

„Самите препораки би се однесувале на прецизирање на приватните имоти, односно на катастарските парцели кои што се во приватна сопственост, а кои се во границите на самото заштитено подрачје. Усогласување на предвиидените актиивности во планот на управување со планот на сопственикот на одредена парцела“, изјави Трајче Митев, компанија која го изработи извештајот за стратегиската оценка на планот.

 

Планот за управување индиректно ќе придонесе и за чекор поблиску до апликацијата за да Маркови Кули се најде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО.

 

„Институтот за старословенска култура се јавува како некој кој што е овластен да ги подготвува и да ги насочува работите кон постојаната листа на УНЕСКО. Секое ново сознание и во сегментот на културно наследство и на природното наследство е камен или не приближува кон она што ние сакаме, односно постојаната листа на УНЕСКО“, додаде Ристески.

 

Доколку се случи ова Маркови Кули после Охрид ќе биде вториот регион во Македонија кој ќе биде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи