„Terra Incognita“ од Златко Крстевски вечерва во изложбениот салон на Цепенков

Вечерва од 18.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на Златко Крстевски „Terra Incognita“. На изложбата ќе бидат претставени 22 дела, слики масло на платно, работени од 1990 до 2020 година.

 

Делата се со силна визуелна сугестија, каде се испреплетуваат сонот и имагинарното, апстрактното и фигуративното помеѓу чистиот израз и приказната за „Terra Incognita“.

 

Самиот автор инспириран од средновековното византиско сликарство, користејќи го плаветнилото и окерот како медитерански знак за изразување ги создал овие дела.

 

 

БИОГРАФИЈА – Злато Крстески

 

Роден во Прилеп, завршил применета уметност – сликарство во Скопје. Организирал 26 самостојни изложби сликарство – Ниш, Догевац, Копер, Скопје, Битола.

 

Се занимава со сатиричен цртеж, стрип, инсталација, перформанс, карикатура. Учествувал во над 500 интернационални изложби и фестивали. Во 2005 година завршил обука за куратори (кустоси) кај Басак Сенова – Турција.

 

Во рамките на меѓународниот плене Гарбатка Летниско во Полска, автор е на 4 скулптури од дрво 100 h74 cm, дел од музејот на Козиенице Радом Полска.

 

Резидент уметник на Хеликон Арт Центарот во Бахчечик Измит Турција, Херцег Нови – Тврдина Шпавола.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.