И Агим Красниќи избега од затвор

Кондовецот Агим Красниќи од вчера е во бегство, откако по отсуството на слободен викенд не се вратил во затворот во Штип, потврдуваат од штипскиот затвор.

 

Красниќи беше уапсен во 2008 година заедно со неговата седумчлена група за предизвикуваење неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување. Таканаречената кондовска група доби вкупно 50 години затворска казна.

 

Инаку, Красниќи беше осуден на 15 години затвор и после 9 отслужени години, тој во ноември 2017 година доби право да оди дома за викенди. Вкупно одлежа 12 од 15-те години казна затвор.

 

Покрај Красниќи, заедно со него е избеган и уште еден затвореник, негов соселанец од Кондово.

 

На истиот начин минатата година во македонските затвори не се јавија штипјанецот Игор Спасов, кој беше осиден за убиството на Мартин Нешковски, како и Драганчо Стојменовски или познат како Дацо Белски, кој беше осуден за тепачка и напад со нож во еден од кочанските реаторани.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.