На 103 години почина Кирк Даглас – Холивуд се збогува со легендарниот актер

Си замина еден од последните актери на златното доба на Холивуд. Спартак, Винсент Ван Гог, Док Холидеј се само некои од ликовите што ги глумеше на големото платно, но и самиот негов живот беше како филм.

 

Роден пред 103 години во Амстердам, САД, како Исур Даниелович Демски, син на руски емигранти, на филмскиот свет му беше познат како Кирк Даглас. Со маркантен изглед и долга и плодна кариера со стотина снимени филмови, остави голем печат во филмската индустрија. Три пати бил номиниран за Оскар, за улогите во „Champion“, „The Bad and the Beautiful“ и „Lust For Life“, но оскар доби дури во 1995 година и тоа за животно дело.

 

„Во светот тој беше легенда, актер од златното доба на филмовите, но за мене и за моите браќа тој беше едноставно татко“, вели Мајкл Даглас во соопштението за смртта на неговиот татко.

 

Последната филмска улога Крик Даглас ја оствари во 2008 година во филмот „Empire State Building Murders“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи