Полицајци од Прилеп пријавиле дека нивни фотографии без нивна согласност биле постирани на социјални мрежи

Р.М.(32), Т.Г.(46), Г.Т.(41) и М.И.(57), сите од Прилеп, вработени како полициски службеници во ОВР Прилеп, вчера во Одделението за внатрешни работи Прилеп пријавиле дека на социјалните мрежи биле злоупотребени нивни лични податоци, односно биле објавени фотографии без нивна согласност.

 

Според пријавеното, завчера околу 21:00 часот на социјална мрежа на профилот означен како Б.И., без нивна согласност биле постирани нивни фотографии.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи