ВИДЕО – Лицата со телесен инвалидитет возат без возачки дозволи затоа што нема каде да полагаат

Лицата со телесен инвалидитет кои живеат надвор Скопје со години не можат да полагаат за возачка дозвола затоа што единственото возило во државава приспособено за оваа намена се наоѓало во главниот град, вакви возила нема во другите населени места. Ѓорѓи Велески од Прилеп вози веќе над 30 години. Нема возачка дозвола. До сега вели дека полицијата имала разбирање за оваа ситуација и не им правела проблеми, но во последните неколку месеци контролите зачестиле, но и како што вели дрското однесување на некои полициски службеници.

 

 

„Почнаа да изигруваат и доктори. Не запираат, им даваме тоа што треба да им дадеме, сообраќајна дозвола, регистрирано, дотерано, се што треба. Тие не ни веруваат дека ние сме телесни инвалиди, едноставно ни велат: излези од кола, или од каде да знам дека ти си со телесен инвалидитет“, вели Ѓорѓи Велески, секретар на здружение на „Мобилност“ Прилеп.

 

Лицата со телесен инвалидите велат дека не сакаат да го прекршуваат законот, но бараат и државата да ги почитува меѓународните конвенции кои ги потпишала и да им овозможи тоа што е потребно.

 

„Имаат потреба од возило, имаат потреба од возење на возило со специјални намени. Сакаат да си полагаат луѓето, сакаат да се вклучат во системот, во режимот сообраќаен, така да ние не сакаме да стрчиме во општеството, ова си го бараме по конвенцијата“, истакна Кире Иваноски, основач на „Мобилност“ Прилеп.

 

 

Сакаат да полагаат во своите градови и тоа со своите адаптирани возила за нивни потреби, затоа што велат дека секој човек си има посебен проблем кој бара посебна адаптација на возилото, неможе да има возило наменето за сите инвалидности. За да одат во Скопје немаат пари.

 

„Еве ќе полагаме во Скопје, ќе прифатиме и во Скопје да полагаме, меѓутоа кој нас ќе ни ги плати додатните трошоци. Ние живееме од 9 до 10.000 денари, од државата што ни ги дава. А возачката ние ако одиме во Скопје да ја вадиме, нас ни требаат 1.000 евра“, потенцираше Ѓорѓи Велески, секретар на здружение на „Мобилност“ Прилеп.

 

Само во Прилеп има 40-тина лица со телесен инвалидитет кои се сочуваат со овој пролем, а бројката биила голема иво другите градови. Лицата со инвалидитет се надеваат дека државата ќе го слушне овој апел и дека во најбрз можен рок ќе им помогне.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи