Ѓорѓиевски: Нашиот тутун останува неоткупен по дворовите и по подрумите, a власта донесе закон каде што се врши увоз на тутун

Согласно нашата агенда за „Обнова на Македонија“, јас и мојот тим денеска ги продолжуваме нашите посети овде во Прилепскиот регион. Вчера посетивме три населени места во Кривогаштани и таа територија, изјави денес, Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Денеска сме овде во Прилеп каде што ќе посетиме четири дополнително населени места. Она што можеме да го констатираме овде во Прилепскиот регион, а е исто и во целата Македонија е дека владее апатичност кај народот и незадоволство од централната, но и од локалната власт, секаде каде што СДСМ има своја инсталација. Народот е видно вознемирен и разочаран од функционирањето буквално на сите институции. Она што најмногу го тишти Прилеп и Прилепчани е ветувањата од страна на СДСМ, што не се реализираат воопшто. СДСМ во Прилеп нема остварено ниту едно ново работно место. Нема остварено ниту една нова капитална инвестиција изминативе три години откако се на власт. Во Прилеп граѓаните изминатиов период плаќаат за 60% зголемени сметки за вода. И она што најмногу ги боли Прилепчани тоа е болката со тутунот. Оваа Влада предводена од СДСМ наместо да ги стимулира нашите кои што произведуваат тутун односно Прилепчаните и прилепскиот регион, наместо да ги стимулира тие да имаат загарантиран пласман, кај нашите пласманот не е гарантиран. Односно тутунот им останува дома, а за сметка на сето тоа се донесе закон каде што се врши увоз на тутун. Нашите тутуни остануваат не откупени по дворовите, по подрумите, скапуваат, владата си донесе закон со кој што повластува некои поединци кои што ќе бидат задолжени за да си откупуваат, им носат тутун од странство. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме тука да дадеме нова надеж на целиот македонски народ вклучувајќи го и народот во прилепскиот регион. Претседателот Христијан Мицкоски вчера на својата прес конференција најави низа мерки, сет мерки со кои што ги запозна граѓаните. А, ќе започнат да се реализираат во моментов откако ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада после 12-ти април“, истакна Ѓорѓиевски.

 

Тоа е само дел од сетот на мерки кои што ние ги најавуваме за подобрување на условите на нашиот народ секаде во Македонија. Ќе бидат задоволни и Прилепчани и прилепскиот регион со тие мерки, но ќе бидат во суштина задоволни и целиот македонски народ, рече тој.

 

„Она против кое што треба заеднички да се избориме наредниот период е стимулирање на бизнис секторот. Македонија да биде економски тигар на Балканот. Во Македонија да се отворат што поголем број на нови работни места и младите да си ги задржиме овде. Знаете СДСМ пред да дојде дека главната карта на која што играше беше иселувањето на младите. Наместо ние да добиеме состојба во државата  каде што ќе има нови работни места во нивно време, каде што ќе има нови капитални инвестиции, каде што ќе има подобри услови и поволности за младите да не се иселуваат, ние добивме иселување како никогаш досега предизвикано од страна на оваа централна власт“, потенцираше Ѓорѓиевски.

 

Ние нудиме нова надеж, ние нудиме обнова на Македонија. Единствено ни треба поддршката на овој народ, категорично народот застанува позади нас и останува на 12-ти април да си ја завршат работата и конечно да формираме Влада која што ќе работи во интерес за граѓаните и во интерес на нашата земја, додаде тој.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи