ВИДЕО – Еурокомпозитовци планираат да ја тужат Македонија и да одат на протести со фамилиите пред Влада

На Еурокомпозитовци им „пукна филмот“. Откако со месеци се игнорирани од страна на Владата за нивната катастрофална состојба тие денеска најавија дека ќе ја тужат Македонија која е 100% сопственик на фирмата. Исто така најавија маосвни протести пред Влада во Скопје заедно со членовите на нивните фамилии. Велат дека повеќе не се издржува вака. Последен пат пари зеле во декември, на работат сега неодат веќе 2 месеци, во фирмата е исклучна струјата, договори за работа повеќе нема, а што е уште потрагично државата и власта се прават глуви и слепи за целата ситуација.

 

 

„Планираме да превземеме повеќе радикални мерки. Прво ќе ја тужиме Македонија бидејќи која 100% сопственик на фирмата. Ќе ги известиме и сите странски амбасади и амбасадорот Самјуел Жбогар на ЕУ во Македонија. И ќе одиме со Скопје на протест пред Влада заедно со нашите фамилии, со децата и внуците и да видиме што ќе направиме бидејќи вака ниикој не сака да не слушне“, изјави Зоран Боцески, вработен во Еурокомпозит.

 

„Владата е крајно несериозна и не сака да ни го реши нашиот проблем. Гледаме се расфрлаат со пари, К-15 за администрација, згфолемување на плати во образование, здравство, полиција, секаде се зголемуваат, само за нас за 64 вработени не можат да го решат проблемот. Оставени сме на работ на егзистенција. Ние бараме чесно и поштено да си ги сработиме парите. Да излези Владата или нека ни даде работа или нека оди фирмата во стечај“, рече Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

По средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тие оствариле и средба со министерот за внатрешни работи Чулев кој требало да дојде и во Прилеп за да се разговара околу можноста за дореализирање на некаков стар договорот со МВР според кој на Еурокомпозит би им испорачал панцири и шлемови на Министерството, а тие би ја доисплатиле сумата од договорот. Но министерот Чулев од непознати причини не дошол досега во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.