Прилеп на светската мапа од градови почитувачи на Slow Food

Вчера во салата на Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа Основачкото собрание на здружението Слоу Фуд Прилеп, со што Прилеп стана дел од светската мрежа на Слоу Фуд (Slow Food) . Слоу Фуд (Slow Food) е меѓународна, не-профитна организација со членови и подржувачи насекаде во светот, кои го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон нивната заедница и животната средина.

 

Промовирана како алтернатива на брзата храна, Слоу Фуд настојува да ги заштити од исчезнување традиционалната и регионалните кујни, да го поттикне земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население. Своите цели за одржлива храна и промоција на локалните мали производители се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделсвото и гастрономијата.

 

Основана од Карло Петрини во 1986 година во Италија во како протест на мала група на луѓе, Слоу Фуд денес претставува меѓународно движење со преку 100.000 членови од 160 држави во 1500 локални организации (конвивиуми). Организациската структура е децентрализирана: секој конвивиум има лидер кој е одговорен за промоција на филозофијата на Слоу Фуд преку промовирање и поддршка на локалните занаетчии, фармери, готвачи преку локални и меѓународни настани како работилници, дегустации, саеми и пазари.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.