ВИДЕО-Ристески: Ние ќе го изградиме автопатот Битола-Прилеп-Велес, СДСМ цели 3 години не мрднаа со прст во Прилеп, а сега одново лажат

После 12-ти април Прилеп ќе го добие тоа што долго време се очекуваше и што е од витално значење за економијата и граѓаните од пелагонискиот дел на Република Македонија. Идната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува на изградба на нов автопат Велес преку Прилеп до Битола, проект со кој конечно Пелагонија нема да биде слепо црево во државата. Истакна на денешната прес конфереција, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Овој автопат е барање на бизнис секторот и на сите граѓани од овој дел на Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради во својот мандат. Со ова автопатско поврзување од Прилеп до Скопје ќе се патува за само 1 час.

 

СДСМ со Зоран Заев и министерот Горан Сугарески ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, проект кој го започна минатата Влада и кој конечно требаше да овозможи полесно поврзување со остатокот од државата, но и да се спречат несреќите на овој патен правец кој досега зеде голем број на жртви.

 

Наместо да се зафатат со работа, Заев и Сугарески цели 3 години не мрднаа со прст во Прилеп, а сега одново бесрамно  лажат и  ветуваат.

 

ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува дека покрај изградбата на нов автопат Велес-Прилеп-Битола, ќе се доизгради и експресниот пат Приле-Градско, со што ќе се создадат услови за влез на нови инвестиции во Пелагонискиот регион, како и услови домашните компании да ги прошират производствените капацитети.

 

Ова е нашиот пристап пред граѓаните, и ова ќе биде одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во наредните 4 години. Нудиме конкретни проекти и решенија, многу работа и целосна обнова на државата!

 

Нудиме нови политики кои ќе се базираат на меѓусебна доверба, разбирање и соработка со граѓанскиот и бизнис секторот. На 12-ти април Република Македонија расчистува со политичарите од кариера и вели Зоран Заев премиер никогаш повеќе!“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи