ВИДЕО – Се очекуваат над 1.000 учесници во двата карневалски денови на „Прочка 2020“

 

 

По 19-ти пат во Прилеп викендов ќе се одржи Меѓународниот карневал „Прочка 2020“. Карневалот свечено ќе биде отворен во петок со традиционалната изложба на рачно изработени маски од учениците од сите училишта во Општина Прилеп. Во сабота во центарот на Прилеп ќе се одржи детскиот карневал, а во недела на 1 март е главното дефиле за кога се пријавени 20 маски од Македонија и повеќе балкански држави, а за прв пат делегации ќе има и од Германија, Холандија и Украина. Се очекува да има 1.000 учесници во двата карневалски денови.

 

 

„На кој Карневал за прв пат ќе имаме делегации од Германија, Холандија и Украина, а групи ќе имаме од скоро сите балкански земји. Најавено и потврдено е учеството на голем број групи кои ќе ги претставуваат своите земји и градови. Сите се членки на FECC, градови со кои ние имаме соработка и им возвраќаме на скоро сите нивни карневали“, истакна Ванчо Ѓорѓиев, претседател на здружение „Прилепски Мечкари“ од Прилеп.

 

На детскиот карневал ќе има 15 маски од сите основни училишта и градинки во Прилеп и една од ООУ „Никола Карев“ од  Крушево. Вкупно ќе бидат 565 ученици во сите маски.

 

„Искрено морам да кажам, дека сме презадоволни со бројот на маски кои аплицираа оваа година. Нивната креативност расте од година во година. Не само што карневалот е меѓународен, туку за пошироки размери придонесуваат и учениците. Има 15 маски, на кој учествуваат деца до 14 годишна возраст. И нормално и тука имаме доделување на награди, прва, втора и трета традиционална и прва, втора и трета современа маска. Исто така од средните училишта ќе учествуваат на меѓународниот карневал кој ќе се одржи во недела. Секоја активност која што е произлезена од училиштата има и една цел која е пропратена со карневалот, а тоа е да го развиваат своето креативно и критичко мислење“, истакна Каролина Николоска, локална самоуправа Прилеп.

 

Во недела е главното дефиле кога ќе настапат 20 маски. Од здружението „Мечкари“, кои се и еден од организаторите на фестивалот, истакнаа дека ќе се потрудат оваа позната прилепска маска, која стана културно наследство на Македонија, во иднина да влезе и како заштитен бренд под капата на УНЕСКО.

 

„Зедовме за обврска да ја доопремиме прилепската маска, бидејќи знаете дека таа влезе и како културно наследство на Македонија, заштитена е како бренд, а ќе предложиме таа влезе и под УНЕСКО, бидејќи оваа маска е позната во поширокиот регион на Балканот“, додаде Ванчо Ѓорѓиев, претседател на здружение „Прилепски Мечкари“ од Прилеп.

 

„Вечерта на 1 март ќе се одржи и традиционалниот маскембал каде ќе има пригодна програма и каде нашите учесници и гости ќе се забавувата незаборавно“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Карневалот како и секоја година завршува во понеделник, со ручекот во манастирот Свети Ѓорѓија, кој се состои од традиционален посен бел грав, бидејќии започнуваат Велиигденскиите пости. Инаку овој посеб бел грав е уникатен специјалитет на прилепските касапи, а тајната за неговото приготвување љубоморно се чува со децении.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи