ВИДЕО – Јованоски : Бев во Виена од 6 до 8 март и веднаш штом се вратив сам се пријавив во Центарот за јавно здравје

 

Минатиот викенд од 6-ти до 8-ми март точно е дека бев во Виена. Со самото враќање од таму јас се пријавив во Центарот за јавно здравје да прашам како треба и што треба да направам како совесен граѓанин, бидејќи знаев дека земјата каде што бев, Австрија не беше ставена ниту во изолација, ниту пак беше ризична земја. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го истакна градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

 

 

„Така што апсолутно нема место и потреба за карантин, ниту пак имам некакви симптоми за да се пријавам на лекар или да правам некакви испитувања. Значи апсолутно немаше потреба од никаква интервенција, затоа што најавата како ризична земја и сите препораки што ги даде Министерството за здравство беа од 9-ти март, нема потреба и загриженост“, истакна Јованоски.

 

Јованоски порача и тоа да не се шират дезиинформациии на социјалните мрежи или со нив да се занимаваат новинари, како пред неколку дена кога експресно се прошири неточна информација дека во Прилеп има 5 миина заболени од корона вирусот.

 

„Не знам чиј беше постот, ама пред неколку дена беше една дезинформација дека во Прилеп има 5 мина заразени со корона вирусот. Упатувам еве порака до сите вас новинарите и апел да не се занимавате со шпекулации, исклучиво користете ги вие информациите од Министерството за здравство, затоа што тие се најрелевантни, а сите шпекулации кои доаѓаат од граѓаните, кои што некои дури сакаат и штета да направат, јас апелирам уште еднаш да бидете внимателни и сите дезинформации да не бидат пласирани. Да бидат само вистинските, правилните информации и навремено дадени. Да кажам и тоа дека во Прилеп нема ниту еден пациент или граѓанин заразен со овој корона вирус. Имаше од една граѓанка, од еден пациент земен брис и истиот беше испратен во Скопје каде што добивме негативен резултат, така да во овој момент немаме ниту еден сомнителен, ниту заболен пациент или граѓанин од Прилеп“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи