ВИДЕО – Како се изработуваат заштитните маски во Прилеп

Дел од прилепските текстилни компании на чело со компанијата Гифти текст и нејзиниот сопственик Горан Илиоски и денеска продолжуваат со интензивното производство на заштитни маски кои ги нема никаде на пазарот. Градоначалникот Јованоски истакна дека вчера биле произведени првите 1.000 маски, а денес ќе биле произведени уште 2.000.

 

 

„Да напоменам дека сите граѓани сукцесивно ќе бидат збринети со овие заштитни маски, затоа што капацитетот е доволен на оваа фирма која што ќе ги прави овие маски. 1.000 маски што беа вчера направени сите тие ги стерилизиравме во Општата болница Прилеп и денес се делат прво на медицинскиот персонал од примарната здравствена заштита. Сите општи лекари со својот тим, медицински сестри, стоматолози со своите асистенти, за сите ќе се поделат овие заштитни маски, на сите тимови од примарната здравствена заштита. Како што кажав тие се најизложени и медицинскиот персонал не смееме ниту да го запоставуваме, ниту да го оставиме на крај. Затоа денес почнуваме со нив, а понатаму продолжуваме со сите вработени во јавните претпријатија, како што се пред се Комуналец, каде работниците се изложени во надворешни услови, во шалтери. Исто така и јавното претпријатие за Водовод и канализација во нашиот град. Така да понатаму и сите труди институции во градот ќе бидат сукцесивно снабдени со овие маски. Јас уште еднаш сакам да изразам благодарност за овие општествено одговорни граѓани и овој стопанственик што го направија ова за нашиот град и убеден сум дека овој пример ќе го почитуваат и другите во нашата држава“, рече Јованоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи